. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

+1 vote за ненасилен свет

on Sunday, November 27, 2011
.
.
.
.


Од секогаш сум човек кој бил и ќе биде вклучен во активистичките движења во светот кои се борат за промени од било каков вид. Активизмот е формата на обединување која во иднина ќе биде главен фактор во креирањето на подобро општество. Текстот во продолжение се однесува на една народна повелба која е создадена на денот на мојот роденден. Интересна е датата [11.11] и самата по себе повлече премногу луѓе кои на различен начин се приклучија. Имаше различни аспекти на кои оваа дата ќе влијае на иднината на цивилизацијата, некои за Тоа зборуваа од духовен аспект, а некои од социјален, економски, здравствен и тн.

Знаеме дека во моментот состојбата во која се наоѓа планетата Земја не е најдобра, секојдневно се соочува со различни недостатоци и дупки во градењето на здрава цивилизација која би можела да ја заштити планетата како и самите себе. Како рефлексија на луѓето кои единствено им е важно уништувањето на сите природни ресурси и материјалната придобивка се создаде критична маса, популација доволно силна со своето активно вклучување во ненасилни протести, фестивали и настани од поширок тип да даде на знаење дека сепак планетата Земја сеуште има луѓе кои се грижат за неа и употребуваат најразлични методи и средства да стават крај на досегашното сценарио.


:стартување на "Народната Повелба за создавање на ненасилен свет"
25 мај 2011 напишано од robertjburrowes

Народната Повелба за создавање на ненасилен свет беше лансиран истовремено на 11 ноември 2011 на неколку локации ширум светот.

Целта на оваа Повелба е да се создаде светско движење кое ќе стави крај на насилството во сите негови форми. Народната повелба ќе им даде глас на милиони обични луѓе од целиот свет кои сакаат крај на војната, угнетувањето, уништувањето на животната средина и насилство од секаков вид. Се надеваме дека оваа Повелба ќе ги поддржи и обедини обичните луѓе од целиот свет, храбри борци против насилството.

Како што можеме да видиме Народната Повелбата многу темелно ги опишува главните форми на насилство во светот. Исто така презентира стратегија како да се стави крај на ова насилство.

Секој од нас може да влијае во запирањето на насилството и помогне во создавањето на мирен и праведен свет. Некои од нас ќе се фокусираат на намалување на нашата потрошувачка, некои од нас ќе ги едуцираат нашите деца на родителски начин, начин кој е безбеден за децата и ја поттикнува нивната еманципација, некои од нас ќе пружат ненасилен отпор пред лицето на военото насилство. Сечиј придонес е важен и потребен. Се надеваме дека оваа Повелба ќе биде отскочна даска за сите нас кои ќе превземеме чекори кон создавање мирен и праведен свет, без разлика колку мали и скромни тие чекори би биле. Со слушање на длабоката вистина во себеси, меѓусебното разбирање/ сослушување и слушањето на планетата Земја, секој од нас може да го најде својот уникатен начин како да помогне при создавањето на овој ненасилен свет.

Зошто го избравме 11.Ноември како дата за лансирање на Народната Повелба?

"Кога бев дете ... луѓето од сите нации кои се бореа во Првата светска војна застанаа и беа тивки за време на 11-тата минута од 11-от час на денот на Примирјето, кој беше 11-от ден од 11-от месец. Во тој момент во 1918 милиони кои се бореа против други милион луѓе престанаа. Имам зборувано со старец кој бил на военото поле по време на таа една минута. Присутните таму зборувале дека таа непланира минута на тишина била како Гласот на Бога. Ние се уште имаме луѓе меѓу нас кои можат да се сетат како Бог јасно му зборува на човештвото. "

[Kurt Vonnegut Jr., атеист хуманист, во својот роман Breakfast of Champions.]


Организацијата

Досега организирани групи на различни локации во светот организираат и лансираат настани и манифестации поврзани со Повелбата. Некои групи организираат континуирани настани се со цел другите луѓе да добијат шанса да се вклучат во локалните така и во националните и интернационалните настани и мрежи.

погледнете ги "идните настани ' за повеќе информации за јаниот настан кој се организира во ваша близина.

Потпишувањето на Повелбата

Народната Повелба може да се прочита и потпише online: кликнете на 'Read Charter’ или ‘Sign Charter’ во страничниот дел на страницата.

„Eдно мало духовно тело стоплено од незгаслива верба во својата мисија може да го промени текот на историјата.“ Mohandas K. Gandhi

Народната Повелба за создавање на ненасилен свет беше објавена на 25 Мај 2011 година.

Robert J. Burrowes – flametree@riseup.net
Anita McKone – flametree@riseup.net
Anahata Giri – anahatagiri@gmail.com

. ..досега немам слушнато дека во Македонија има луѓе здрижени поради оваа Повелба, доколку има заинтересирани за формирање на било каков ветер поврзан со овој вид на активизам кој ќе потекнува од ова движење, слободно пишете ми мене: dzamski@yahoo.co.uk

- никогаш не е доцна да се каже не' на насилството во било која форма!

Како што видов освен овој блог од каде е превземен текстот, има и друга официјална страница и организација која се занимава со истата Мисија. Доколку сакате можете да ја погледнете [овде] или доколку с интересирате повеќе за 11.11. како феномен, и мотивација за организирани промени, од страна на луѓето кои веруваат дека сеуште има простор за такви, можете да ги разгледате и декларациите на дејствување на веќе неколку .org и .net каде освен виртуелно можеш да се вклучиш и физички во конкретни акции кои служат за подигање на свеста d awaking code, spiritual guardians, Warrior Gateway, Ones in a Lifetime, Feed The Children, Doctors Without Borders, Habitat for Humanity и тн., организации кои својата идеја за акт ја имаат засновано на истата оваа Повелба.

.
.

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails