. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:седум совети за freelance пишувачи

on Thursday, November 24, 2011
.
.
.
.
.
*freelance writer
- во текстот подолу некаде ќе биде користено пишувач, некаде писател. Формулацијата е во сооднос со реченицата и нејзината суштина. ..



Да почнеш работа како писател/ пишувач не е толку лесно како што изгледа. Учењето како да се стане слободен писател бара бизнис размислувања не само пишување рифови, драфтови, постови во слободен стил.

Освен претставувањето надвор и обезбедувањето договори, треба да бидете мотивирани и организирани. Ова е навистина тешка транзиција, особено ако немате колеги или пријатели кои имаат опит во тоа и би можеле да ви помогнат.

Ако сте на самиот почетокот и имате надеж да заработувате за вашиот живот од пишување погледнете ги седумте совети кои следуваат подолу во текстот. Имајте на ум дека овие совети се наменети за почетниците кои планираат хонорарно да пишуваат полно работно време, а не за оние кои едноставно пишуваат малку повеќе доцна во ноќта или за време на викендите.



1. Пронајдете простор кој можете да го наречете свој

Иако можеби ќе помислите дека сите хонорарни писатели ги поминат своите денови на каучот пред телевизор брзо ќе откриете дека мотивацијата е врзана за средината каде работите и со физичката околина. Од исклучително значење е да имате издвоен простор каде што се работи, а не случаен простор каде се` се случува и со посветување малку работа тука и таму.

Некои хонорарни писатели се доволно среќни да имаат простор како би изградиле домашна канцеларија каде полесно се фокусираат на работата и се чувствуваат одговорни. Ако ова не е опција за вас, побарајте соодветно место во близина на вашиот дом.

Некои библиотеки, особено ако живеете во поголемите урбани области, обезбедуваат доволно простор и атмосфера, баш онаква кава е потребна за фокусирање на работата. Oстанатите опции се општински 'трговски' центри, кафе барови, ресторани, па дури и јавните паркови (ако времето дозволува).

Имајте на ум дека ако се поставите во кафуле ќе треба да трошите редовно дел од она што заработувате со вашиот бизнис; да купувате нешто за пиење најмалку на секои два часа или секој час. Ако можете да си го дозволите тоа не би требало да се поставувате во кафуле, тоа е толку едноставно.

2. Креирање и следење на редовен распоред

Слично како и создавањето на вашиот работен простор ќе треба да создадете дневен распоред за хонорарните пишувања. Некои писатели го распоредуваат времето на блок пишување, се будат и работат 3 часа, земаат пауза од 2 часа за вежбање или набавки на потребни материјали, продукти и сл, се враќаат и продолжуваат со работа уште 3 часа, вечерат имаат ноќни активности, а потоа, работат уште 2 часа пред спиење. Други сакаат да бидат по строги и ограничени во своето работно време и го третираат сопственото freelancing хонорарно пишување како полно работно време, од 8 наутро до 5 попладне.

Очигледно вашето работно време и стратегиите можат да варираат во зависност од тоа каков вид на работа извршувате во моментот. Она што е важно да се запамети е дека треба да се постави систем кој Ве држи одговорни секој ден (дури и ако вашиот распоред ви дозволува да земете слободен ден!).


3. Не заборавајте ги даноците и другите такси

Додека вашиот систем долар на час плата може да ви изгледа премногу висок, треба да се запамети дека да се биде слободен писател значи дека ќе треба да ги плаќате квартално даноците за вашето самовработување. (не сум сигурен каков е системот во Македонија, доколку некој знае убаво е да каже подолу во коментарите). Вие ќе бидете одговорни за вашите даноци. Даночните стапки за самовработување се повисоки од даночни стапки за W2 (регуларните) работници.

Ова значи дека освен тоа дека треба да се сетите и да испратите чек на Владата секој квартал, ќе треба да зачувате значителен износ од парите на вашите чекови. За работата да биде полесна и поедноставна за Вас зачувајте иста сума на пари секогаш кога ќе го добивате чекот. Одредената сума е помеѓу вас и вашиот сметководител, но, за многумина помудро е да зачуват најмалку една четвртина од своите приходи за даночни цели.


4. Купете си ги работите кои Ви требаат

Сепак освен што ќе размислувате за тоа како да зачувате пари исто така, треба да бидете практични и при трошењето. Сознанието за тоа какви материјали, опрема и алат Ви се потребни е од суштинско значење за вашиот успех како слободен/ хонорарен пишувач. Осигурајте се дека имате брз и во добра кондиција компјутер за работа. Обично, хонорарни писатели користат лап-топ компјутери како би можеле да работат на различни локации.

Работата како слободно, хонорарно пишување доаѓа мночу често во последен момент - некој сака да промени нешто пред печатење, новата веб-страница на некоја компанија има потреба од дополнителна непредвидена содржина, и тн. Инвестирањето во паметен (smart) телефон е добра опција, така што ќе можете да имате постојан и брз пристап до понудите за работа кои на интернет доаѓаат многу често.


5. Запознајте ги другите од Вашата област на пишување

Вмрежување очигледно завзема голем и важен дел од егзистирањето како самовработен. Вам Ви требаат луѓе од вашата област кои ќе го препознаваат и признаат вашето име и ќе ја почитуваат вашата работа. Но, вмрежување не треба да се ограничи само на комуникација со други писатели.

Графичките дизајнери се големи пријатели со кои би можеле да се дружите - ако ги препорачате на вашите работодавци, тие можат да ве препорачат Вас на нивните. Исто така, искуството во работа со дизајнерите може да Ве направи покомпатабилен за идните проекти. Работодавците веруваат дека постои поголема шанса за кохерентен, добро изграден проект во кој и Вие би биле вклучени.


6. Ажурирајте ги вашите фактури во реално време

Важно е да го пријавувате вашето работно време како слободен писател. доколку не оддавате внимание на тоа ова води кон грешки кои ви носат само загуба.

Дури и ако поминете десет минути во истражување кое ви е потребно за некоја статија помеѓу другите проекти, тоа се десет минути време за кое би требало Вие да имате сметка. Ако имате smart телефон, постојат дури и достапни апликации кои ќе ви помогнат да го најавите вашето време и да создадете фактури дури биле и во движење.




7. Погледни ја содржината уште еднаш

И на крај, кога ја испраќате конечната содржина на вашиот работодавец, мора да бидете апсолутно сигурни дека вашата работа не содржи грешки. Не треба да бидете опседнати со тоа или невротични, но треба да бидете внимателни при последното уредување; еден груб нацрт е добро, но три до пет груби нацрти е уште подобро.

Поставете правило. На пример: Никогаш не испраќајте нешто на работодавачот без пред тоа три пати да го проверите. Вашата полирана/ стилизирана работа ќе ви помогне да се здобиете со доверба и постанете подобар писател.

:превземено од freelance switch; напишано од: Debbie Swanson |

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails