. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

прашања за блогерите [викенд ситуација]

on Sunday, August 7, 2011
Утрово се разбудив со желба да ги искористам социјалните медиуми за остварување на соработка. Она кое сакав да го споделам со луѓето кои се во нашиве кругови е поврзано со блогирањето. Блогирам веќе неколку години, но никогаш не сум се занимаавал со конкретна обработка/ анализа на поимите блогирање, начин на употреба, тематика и сл. Она кое го блогирам се темите од секојдневитето кои мене ме исполнуваат и секако оние полиња кои јас ги истражувам како култура, уметност, филм и тн.

Причината за оваа соработка се прашања кои синоќа можев да ги видам во мојот stream од еден врвен аналитичар и блогер DarrenRowse [problogger] кои ме натераа да размислам и да се потрудам да си ги одговорам самиот себе. Она што секој блогер би го направил е. .. би споделил искуство, макар тоа било и викенд искуство.

Првото прашање е токму главниот двигател за овој почеток, кое следи како сублимат на општо познатото седење на социјалните платформи и зголеменото следење на информациите во деновите кога (не) се работи.

  • Дали постирате на Вашиот блог за време на викенд?


  • дали постирате помалку за тоа што луѓето се помалку online?
  • дали постирате повеќе со цел да го задржите трафикот/ сообраќајот на вашиот блог на повисоко ниво?
  • дали земате неколку дена одмор за подобрување на вашата благосостојба (т.е. Да поживеете малку надвор)
  • дали однапред пишувате постови/ артикли и потоа ги местите автоматски да излегуваат за време на викенд (тоа е тоа што problogger работи)?
  • дали го користите викендот да напишете неколку постови за следната недела за тоа што имате повеќе слободно време во вашите раце?
  • ..или имате некои други викенд блогерски рутини/ навики?


Како блогери убаво е да си ги поставиме овие прашања и убаво го осмислиме нашето време. Скоро секое од прашањата е и посебно решение за секој блогер. Се на се' и овој тест како цело е подобрувањето на мојата лична моторика во блогирањето како и желба да во социјалните мрежи се зголеми квалитетот на информациите и за време на викенд.

:keep ON tracking-keep ON blogging_

[првичното размислување кое го споделив на неговиот g+ профил] каде ги постави за прв пат прашањата:
Mitko Gogov aka kihuPotru - it is important to use all of d time for productive and creative work as blogging is. depends of the topics that u post about, d number of ur readers etc. for ur personal motivation and satisfaction for blogging, but I do see as very important d posting during d weekend days. sometimes thinking in advance is reasonable solution for d hard workers cause when ur in d middle of ur high traffic on ur blog u can't follow all d info stream that is coming on d way.

for me all of this questions that +Darren Rowse put to our board are variations in same time of d answers that we are searching for ..
:bonne weekend~


0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails