. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

.маскенбалот започна пред локалниот контејнер

on Tuesday, March 4, 2014

..струмица. петок навечер. 23:00 часот. време да се започне со маскенбалската еуфорија. пред излегување - весело гости, многу позитива, радост и среќа, стари и нови пријатели. со полн елан како ферари спремно да освојува нови патеки, како падобранец спремен да го освојува ноќното небо. наеднаш мир. грутка во грлото. тежина во душата, непланирано полнење на очите со солзи.


- добро вечер!
- нека е добра мило дете!

:што правите со тој фенер во рацете?!
- не сакаш да поверуваш во тоа што го гледаш?!

!не, НЕ САКАМ - одговарам со глас кој полека почнува да ми трепери...

зошто? зарем системот си ги заборавил и “нашите луѓе“? да, тој одамна ги заборави сите оние кои се борат за корка леб, затоа и неа почнавме да ја бараме по контејнерите. колку време го правиш ова? доволно долго и доволно доцна да не ме видат добронамерници како тебе, заедно можеме да плачеме, но тешко дека ќе си помогнеме... може некако да ве најдам за отпосле да ви помогнеме? мил мој, веќе долго време не верувам во помош, верувам на полните контејнери кои ќе ми дадат леб, а знаеш некогаш ни тоа го нема... може да ве фотографираме (фала Олег) и да ја објавиме вашата приказна, секако без да се гледа вашето лице? може, но дали тоа ќе ми помогне?!?

- не, НЕМА, но ќе помогне да се слушне приказната за нашите ноќни работници, за нашите родители кои навечер играат улога која не би требало да ја посакуваме и на непријателите. ќе помогне барем јас да ја ослободам тагата и болката кои се вселија во мене, оти тоа може да биде и мојата мајка, тоа може да бидам и јас.. оти тоа си ти за твоите деца кои некаде вечерва под “ефтините“ маски ќе се обидат да ја заборават својата вистинска приказна, својот вистински живот, ќе се обидат под карминот и белиот чаршав да го сокријат своето вистинско лице, оти не не сакаат... не делат, уште толку повеќе не омаловажуваат. оти залудно е тоа дека светот се бори за еднаквост, за разбирање, за толеранција, за помош на маргиналните групи, за спас на социјалните случаеви.

- направи го тоа сонце, ако мислиш дека некого ќе разбуди направи го...

- каде живеете? како можам да ве најдам? ти благодарам за љубовта, иако полека врне, ни ги влажне и така болните тела, а јас ви одземам дел од вашето “скапоцено работно време“...

- не грижи се, малку луѓе така разговарале со мене, всушност и малку луѓе виделе дека го правам ова.

- ќе ве посетам дома, може?
- ќе ми биде драго.... чај можам да те понудам во секое време, кафето е се поскапо...

- (помислив) ќе ве посетам, но како да ве посетам со едно кафе кога на вас ви треба многу повеќе, кога ви треба топлина, топол дом, кога ви треба стреа која не попушта влага и дожд, кога ви треба огрев, кога ви треба друга реалност во која сте нормална мајка, а вашите деца не страдаат, кога ви требаат пари за леб, не за корките фрлени за кучињата скитници, кога ви треба мир во кој вие нема повеќе да страдате..

- извини, сепак ќе најдам начин и ќе дојдам.. па, макар и да пиеме чај. некогаш и размената на животните маки е подобар кредит од оној на ѓаволот!

(мала гушка која можеби ја стопли на момент)*

!сепак тоа не е доволно....

p.s. секој од нас крие по една тажна приказна, секој од нас прескокнува по неколку такви тажни приказни...

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails