. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

(У)кради статус (twit) - биди фраер

on Wednesday, March 26, 2014
.престанете да крадете туѓи статуси и твитови и врз основа на нив да градите “virtual insanity - овај слава“.. баба Рада да беше реална ќе ви препорачаше ‪#‎оЧај‬.
- а ако посакувате таква слава, интересни ќе им бидете само на вашите вујни, стрини и тетиновци од аустрејлија.. к`мон!



:вчера напишав статус дека не е убаво да се крадат туѓи статуси и твитови и денес добив коментар дека кажаното/ напишаното ако го гледам како такво би требало да сум против “пиратерија“ и истото би било “само за лична употреба, забрането е ширење на ова по народните маси“.

јас вака мислам: книжевна/ литературна “пиратерија“ е смрт за креативната и критичката мисла, додека пак музичкото плагијаторство отров за духот и душата на оној кој “си замислува дека музицира“.

дебатата и комуникацијата се убава работа, секогаш полезна за размрдување на сопствените (аргументирани) ставови за одредена тема, така според друг “вицовите треба да ги кажуват само тие шо се ги измислиле.

.иако вицовите се нешто сосема друго, барем кога се зборува за некоја “солидна авторска вредност“, јас повеќе говорам за книжевните форми, афоризми, животни мисли добиено од лично искуство, мали, кратки расказни, па и поетски форми и тн. кои е јасно дека имаат поголема “литературна“ вредност од daily entertainment.

и да, кога веќе си решил да (пре)земеш нешто туѓо, зошто да не и овозможиш и на твојата “публика“, да го следи вистинскиот извор на таа форма/ тема што си ја споделил. така му помагаш и на авторот, а истовремено и себе си докажуваш дека си човек со доблест и вистинки вредности. односно не се лажеш самиот себе дека ти си го измислил, постои веројатноста секогаш да ти излезе некој “поинформиран“ од тебе и да ти каже - еј ова не е твое!




убаво е да се наведе автор или извор. Зошто? Тоа би му помагнало на секој активен корисник на twitter или facebook да најде кој е авторот и да почне исто да го следи. 

- секако дека не е грев ако тоа “споделување“ се направи некогаш и без наведување извор/ автор. некогаш тоа може да се случи во брзина и желба што поскоро тоа што тебе ти привлекло внимание да го споделиш со твојот круг на пријатели или следбеници, но јас повеќе го напишав тој статус од аспект на развивање на личност врз основа на плагијаторство, не на “пиратерија“, оти така ќе следува ера во која ќе се “изродат“ (пре)многу “оригинални“ автори на се` и сешто, а во суштина тие ќе бидат празни, без никаков одраз на тоа што го споделуваат, односно “пишуваат“.



државите крадат трговски и економски тајни, бизнис компаниите - идеи. живееме во модерно време во кое крадењето се гледа се повеќе како “преземање“, од аналогијата на sharing is caring, односно потребата одредено нешто што во сегашно време има некаква “пазарна“ т.е. “интерактивна“ димензија и вредност. 

генерално - подобро да бидеш тивок и да слушаш што другите говорат, отколку да го повторуваш кажаното во твое име, како мали за таквите  имаше име, “повтарачки папагал“, а секако дека оние кои имаат потреба од (поголемо) внимание би биле далеку посрушени интелектуално“, доколку им се (у)каже на тоа дека вистинските човечки вредности имаат друга основа, друга база, далеку посуштинска од тоа да говориш во твое име, а (не)свесно да цитираш друг. и да, овде не мислам на вербална комуникација, универзална мисла и “космичка“ вистина кои се (редовни) постулати на нашиот секојдневен говор, туку за се она што е напишано на социјалните/ друштвени мрежи и во очите на другите ги рефлектира твоите таленти, критичност, свесност за времето во кое живееш, како и основните човечки вредности.

или пак сум премногу наивен?! :)
p.s. АЈТ убав ден да си имате

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails