
.и тогаш сите почнаа повторно да веруваат. вербата како бела техника од нептун се купуваше за ситно, гревовите се переа со црвена боја за 50/ 100 денари.
:исплашените грешници почнаа да ги кријат шишињата зејтин и долниот веш позади иконите, рентање здравје со индијански финти и попови кои се смеат како избрани аватари. но, има нешто друго по тие расплакани ангелски крилја што овие смртници никако не можат да го дешифрираат. не боли ли Вистината или ова ќе биде воскреснување на сета тага по ѕидовите?

Не верував дека и ќе пишувам на блогот нешто поврзано со ова, но ете пуштив неколку статуси и твитови поврзани со темата, па линеарно ги префрлам овде да направат една слика на мојот (не)став околу квази верувањата на верниците, околу поклонувањето пред икони и посетувањето на црквите и бакнувањето на раката на попот или владиката.
.и ореолите околу нашите глави светкаат само треба ние сами да си ги зачистиме! добро утро!

Искривени се начините на верувањето во Бога, промашени се основните постулати како треба да се однесуваме како верници. Дедо поп мириса на ракија и не дава да му ја бакнеш раката ако немаш барем десет денари за сефот до иконата кој служи за помош на црквата. Директно за збогатување на возниот парк на сите тие мажи кои избираат фустани (мантии) и накит (ланчиња, крстови) како француски дами. Скраја да ти е верноста ако не оставаш пари по иконите, ако некој пред тебе остави може и незгодно да ти стане.
:светкаме ние како цело, но не знам дали е од сјајот (за миење садови) или некој ставил доместос..

Синоќа прочитав едно нешто што навистина ме замисли, не дека претходно не размислував така и на момент не почувствував превара`, ако може така да се каже со целата оваа фама која се крена околу иконите кои сами се чистат, но, денес и d Washington Post ни обрна внимание.
Е сега овој Саше е христијански фанатик според мене, но јас не гледам ништо лошо во тоа, подобро навлечен на Бога отколку на спортска. Тој синоќа го споделил ова нешто кое е поврзано со ситуацијата самочистење на фрескоживописите во црквата:
Би сакал само да кажам дека убаво би било да се прави разлика од:
1) "Христијанство" кое се базира на традиции и преданија и во себе има повеќе пагански елементи отколку хриситјански
2) Христијанство кое 100% се базира на Библијата како Божја Реч
Не е убаво кога се мешаат овие две работи. Погоре прочитав многу работи кои немаат блага веза со Хрисијанството и мислам дека не е убаво да се генерализира.
Од друга страна жално е што помеѓу христијаните доминираат оние кои слепо "веруваат" - такви се многу во нашето општество.
Но и покрај тоа, би сакал барем да знаете дека постојат христијани кои и те како испитуваат и проверуваат.
Бог во неговата Божја Реч - Библијата ни оставил доволно логични докази за да можеме да ја провериме и да ја ставиме на тест Христијанската вера дури и денес во 21-ви век.
За разлика од сите други книги кои се сметаат за свети, единствено во Библијата има пророштва кои се дадени пред многу векови и кои до детали се остварувале во минатото и се оставаруваат до ден денес.
Што се однесува за ‘чудото со иконите’ мое мислење еЧ
можно е да е финта (како што кажа Борис) но можно е и навистина да е чудо. Впрочем има чуда во сите светски религии, но тоа не значи дека ако има некое чудо дека тоа е сигурно од Бог.
Со други зборови, макар и ова со иконите да е навистина чудо и тогаш не би било од Бог зошто Бог сигурно не би чистел икони. Тој се гнаси од иконите и киповите. Тоа е директно кршење на Втората Божја Заповед која забранува клањање пред икони и кипови.
Ако ова е чудо тогаш сигурно е од сатаната и тој навистина го постигнал ефектот кој што го сакал, а тоа е да наведе луѓето уште повеќе да се клањаат на икони (созданија) наместо во љубов да се свртат единствено кој Бог-Создателот, да се покајат за своите гревови, да Му ги исповедаат на Бог, да поверуваат во Господ Исус Христос и да го прифатат како личен Спасител и Откупител.
16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
==Евангелие по Јован 3:16-17 ; Библија==
Поздрав до сите вас возљубени мои! :)



(овие три слики се превземени од нет прес, канал 5 & канал 5)
.p.s. утрово на статусот од каде го земав ова христијанско четиво/ лекција гледам дека ја префрлил цела библија и секако дека нема да му ги префрлам/ копирам коментарите тука.

дали ѓаволот се покажува најубаво во нашите цркви поради недостаток на Вистински Верници или Бог направил некој shift, па од сега натаму е убаво и да се клањаме на икони јас не знам, оставам на Вас сами да си заклучите како ќе верувате во Бога и дали воопшто ќе верувате во Неговата Светост!

Имаше утрово уште стручни коментари од дечкото, но според мене беа многу долги и само се вклучив во разговорот со директен коментар кон него:
Саше да беше пократко ке го читав она што си го напишал во 2от, 3от, 4от коментар, но коментарите брате ти отишле со метриката, ова ни чист верник не би го прочитал. кога коментираш и сакаш да објасниш/ просветлиш паднати души бити пократок и поконцизен, вака само ме демотивира да читам, бетер од иконите по црквите. се губиш сам во поимите и мислата, далеку од тоа на нас нервните да ни помогнеш. помислив господи прости им не знаат што прават! /\
:чепатните грешки се ментален аеробик, растегнуваат мозочни нерви, но, убаво е да се нагласи заради мелодијата на денот, а и не секој знае да прави мозочна шпага!

:зачистивте по дома или сеуште чекате 'Некој' да дојде да ви зачисти?!
денес во Струмица наспроти верскиот празник Велигден или Воскресението Христово, најголемиот празник меѓу христијаните, фигура во форма на Велигденско јајце со висина од околу 4 метри ќе се постави во централниот дел на градот Струмица, кај кружниот тек т.е. фонтаната пред “Македонски пошти“.

p.p.s. има милион докази дека Господ Бог постои, оваа појава ќе ја сфатам како надприродна, како вонземско дело. Не би навлегувал во деталите дали е тоа човечка измама или дело на некои грешници кои воопшто немаат почит спрема Бога. Сите знаеме дека ова ќе се истражува, кој го испратил сигналот оставам на Вас да заклучите, Јас верувам во Светлината како источник на се`! .. ова се само начини со кои 'она' за кое 'не знаеме' си игра со Нас, не искушува, не дефинира потсвесно со тоа како ние размислуваме и во која насoкa треба да ја трошиме/ користиме нашата енергија и верба.
.имајте убави Велгденски празници, наскоро доаѓаат и за нас од православната Вероисповед, гаењето љубов кон Бога треба да е процес кој се случува секој ден и во секое време, треба да сме благодарни што сепак ни се покажува нешто кое ја ставило нашата верба и верување на Суд и дозволило да го истражи степенот на посветеност кој секој од Нас го има спрема Бога.
поздрав ;)
0 comments:
Post a Comment