. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:априлили, пази да не!

on Sunday, April 1, 2012


Задолжително ми е да потенцирам овде дека денес, недела, 1ви Април нашата држава докажа дека не поседува никаква смисла за хумор.

Најпрвин излегоа утрото од кирилица[dot]мк со два сатирични текста, црн хумор се разбира, едниот упатен до владеачката гарнитура, другиот директно до лидерот на опозицијата.

Вака напишав во еден ((не)видлив) статус:

.паднал воинот, б(р)ц ќе одел во пензија. .. ептен (кирилична) смисла за хумор. сега уште да видиме кој ќе напише дека г(р)ујо го киднапирале тексашки вонземјани..


Малку тролање да се надополни моментот:

RT @MrNoooo Кирилица вика "КАТАСТРОФАЛНО"..Паднал воинот на коњ од силниот ветар..си велам ...шо има тука катастрофално?

.


Нејсе, интересно ми е дека по некое време им падна серверот, а се отвори жестока конзервативна дeбата на профилите на неколку јавни личности. Некои од луѓето беа навистина загрижени поради тоа што некој се решил на овој начин да си прави априлили со народот. Други релаксирано, неделно климаа со глава дека е обична шега, сепак и не бевме хумористични како цело ако го нагласиме фактот дека политичките, економските и социјалните априлски шеги ни се повтараат секоја година. Секако дека не се променети многу работи во државата, ама и народот како да се заковал во една константна, замрзната точка во која владее дисбалансот и неспособноста за прифаќање на животот како таков.

Големината на оние кои се занимаваат со афоризам, хумор и сатира е во тоа да успеат да ги надминат сите моментални проблеми, грешки, моменти кои не штимаат и од нив да произведат вибрација која гледа т.е. ја илустрира позитивно и духовито големата слика.

Меркел умрела, кајгана искоментираа уште по мрак, чуму ли мислат овие луѓе дека се занимаваат професионално со оваа работа? – јас онака, толку. Мала доза.

Кирилица објаснија:
Ветрот ни го сруши и серверот... работиме на "станување" :)

Но, дали тоа ветерот на цензурата во државата им го соборил серверот или некој штипски ветер немам појма. Нивото на априлски смешки беше.. Бог да Чува од хуморот на напатен народ! ..еве некои подобри!





.
.Видеото го има изработено Jeremiah Warren и денес беше споделено на страницата на mashable, покажува со кратка анимација која е историјата на денот на будалите во огледалото на западната цивилизација. Има интересни факти како тој за Франција. На грбот си лепеле парче хартија со нацртана риба и викале “P’oisson D’Avril!” или априлска риба.


p.s. а, баш очекував дека некој ќе напише дека бил пронајден гробот на воинот, или дека охридското езеро наеднаш се наполнило со многу вода, кој знае дека на автобуска/ желесничка се забележани нечовечки суштества маскирани со regular облека.

таксистите возеле за без пари, мтв ќе се реновира, се нешто се пишува како земјотрес да имало, па подземни води, цунами.. апокалипса. априлска. априлилиска апокалипса.

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails