
[прва доза струмичко мрчење. .. оти некогаш навистина работите ти стојат на грло]
- една поинаква градска слика
Не знам зошто, но денес ми се мрчи за градов. Ќе се прави ново езерце, супер ќе имаме повеќе комарци во паркот. Ќе се гради најголемата православна црква на Балканот, да, да, Струмица е град на верници и продажен парк за трактори (малку подоле по улицата).

Нејсе, го фатиле крадецот на патиките Nike, или не го фатиле не знам. Ама знам дека некој си здиплил од работното место во Уни Банка здрави пари. Не, не сакам да се занимавам со детално обработување на настаните, го исчистивме плоштадот, пролетно. .. со црева и големи метли. Сега повторно чекориме по чисто, се препукувме на ситно по мали медиуми, играме мижитатара со скриени профили, пресови, конференции. .. живот снимен со домашна камера.

Но, ние постојано садиме, садевме дрца во Градската Болница пред некој ден (работен), штета што ги украдоа цвеќињата од школото Сандо Масев, Бог нека му прости, Велигден иде, а може сакал поубаво да ги пресади во неговиот двор. Може е невработен комшија на школото и просто човекот сака убава градина за неговата фамилија. Нема ли да има повторно пролетна акција: да ја засадиме нашата иднина?


* * *
Испразнети книжни кутии од диазепам и тромадол по улиците, да народот живее стресно, распуштени банди по кафичите. .. под очилата за сонце цвета новата пролет.
0 comments:
Post a Comment