
.Се мислев дали да пишувам за оваа тема, во нашиот град постои вечен мир, времето бавно движи, деновите се бројат како поминати секунди, а народот, народот овде живее во хармонија со сите. Немаме малцинства, освен оние кои се `невидливи, па немаме потреба да мислиме за нивна интеграција и за среќа уште работат попаметните во Комуналец, а таму приходот не е толку висок да можат да си купат оружје и да се спротивстават.

Но, очекував дека деновиве ќе се кренат пријателите од околината на територијата по реката Вардар и ќе проговорат за инцидентите кои почнаа повторно да се случуваат. Не е лесно да живееш во привид, така би ја дефинирал транзицијата на нашата држава. Не е лесно да живееш во фикција од држава, така не дефинира поблиската и пошироката околина. Не е лесно да живееш со мислите во демократија, а со односот и начините на живот во анархија.
Што ни се случува деновиве? – и додека некои се повикуваат на големата свест и виртуелниот простор го користат да пишуваат тажаленки, сепак јас во мојот простор ќе напишам дека ова што ни се случува воопшто не е тажно.
Ова е очајната потреба на она што го избегнуваме да се врати, вистината е бумеранг и секогаш кога се враќа кон нас, забрзувањето е дупло, а формата секогаш цунамична. Не, не треба жално со знамињата да се собираме на плоштад, не не треба да мислиме дека ова е зародиш на нешто полошо од она за кое досега сме чуле, не треба да мислиме дека ова е организирано и е дел од голем план. Треба смислено да знаеме каде да го лоцираме проблемот.
Тетката во нас секогаш може да зборува за демократија, но супер марио секогаш ќе бара нови желки за скокање. Не знам дали ја разбравте поентата, но таа не е поврзана со крвави раце, тепачки и сл. Паралелата овде би била дека таа желка дава нов живот, поголем живот. Причината на овие инциденти, драги пријатели.

Станува збор за еден поголем заговор во кој овие немири се дефинираат како тинејџерски излив на несредени емоции, кога сакаш на девојче да му кажеш дека го сакаш, но овој пат Тоа го кажуваш со мавање шамар. Да, замислете љубовта има многу форми, и ненамерно ја наметнав темата со шамарите за тоа што некои колумнисти во денешно време си дозволуваат јавно да емитуваат пораки за тоа дека не си машко ако не знаеш да се тепаш.

И додека оксиморонски, (тоа беше еден друг, поасален блог на времето) некој се повторува со објаснувањето што било, како било.. се обидуваат хуманистички да прераскажуваат општи ставови, јас би кажал дека овие простори се вистинските места каде може директно да се крене гласот, да се биде биде повик, апел да се престане со глупостите. Да, верувам дека секој с(о)весент граѓанин би рекол дека ова се манипулативни трикови кои се медиумски покриени и рекламирани како новата серија која започна сношти на шител. Ја гледавте?
Кирил, како млад активист и блогер очекувам(е) да бидеш посилен во говорот, по жесток, конструктивно груб.. како тажаленка ги повторуваш работите кои на сите им поминуваат низ глава, а знаеш дека општеството од поодамна ја нема фунцијата добар психолог..

Ова е пораката која сакав да ја постирам под неговиот текст, но мислам дека ќе биде премногу лично кога би се поставил хејтерски спрема некој кој сепак се потрудил да даде (свое) мислење, но миксовите на македонките & албанските пароли ми се ужас. Ова е драги залажување, се залажуваме дека ова е начинот, а длабоко во себе сите знаеме дека има таму некаде некој друг начин да се постигне повторна хармонија, иако тоа и како дефиниција и како модел според мене е невозможно.
Професорката Ванковска убаво вели дека, парафразирам, се што работиме го работиме како под превез. Со недоволна сигурност во било кој од чекорите кои ги правиме за да дадеме слика на надворешните фактори дека овде царује другарство.
.има момент на крајот, кој Кирил го користи како одличен шлагворд:
“Сите ние живееме овде, се возиме по исти улици, дишеме ист воздух, делиме слични проблеми... Зарем не ви е доволно од сите меѓуетнички нетрпеливости, говори на омраза, вештачки фрази. Зошто сите влијателни колумнисти, интелектуалци, па и политичари, не ги артикулираат своите ставови, не промовираат здрави мисли кои ќе му помогнат на збунетото население? Зарем не велите сите дека ја сакате оваа држава и се борите за нејзиниот просперитет и опстанок?
Знамињата на овие простори се црвени, како и крвта која некој недолжно ја лее. Сите ние треба и мора да сториме нешто, бидејќи дотурањето масло на огнот или гледањето од страна ги прави крвави и нашите раце!”
Она гледањето од страна најмногу ме мотивира да напишам нешто, она што знам дека сигурно морам да го превземам е да ги задржам добрите мисли за сите луѓе кои се од малцинството, а со ништо лично не ми згрешиле. Овде стана модерно циганите да се потурчуваат, зарем треба да почнеме да ги убиваме.. не велам дека албанците се во право, но не го тврдам ниту спротивното, начинот на кој зборуваме во државата не ми се допаѓа. Двојни аршини употребуваме, се грижиме (иако не баш) каков е односот и комуникацијата на соговорникот, но никако да помислиме на нашиот. Сите треба да се промениме. .. мирно, со протести, сами дома?!
ми се допадна facebook статусот на Данаил Станојески од вчера, со него би го завршил постот:
Сексуална тензија повеќе од меѓуетничка тензија.
0 comments:
Post a Comment