. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:EarthHour 2012 - вклучи/ исклучи се!

on Sunday, March 25, 2012
.
ледната недела, последната сабота од месецот (како и секоја година) е Earth Hour или Часот на Земјата #earthour, настан кој мобилизира многу главни градови и неколку континенти истовремено се со цел покревање на свеста меѓу граѓаните, иницијатива која ја симболизира колективната моќ на поединците, бизнис секторот и владите кон намалување на штетното влијание кое го нанесуваме на планетата Земја.





вижење кое од Сиднеј прерасна во глобален настан кој е поддржан од милиони луѓе, Часот на Земјата се реализира како официјална манифестација во повеќе од 5000 градови низ 135 земји во светот.

Оваа глобална заедница е посветена на создавањето поодржлива иднина!

Секој може да биде дел од заедницата на earthhour, оваа глобална кампања не е за заштедување на електричната енергија на само еден час, туку за обединување на луѓето кои сакаат да ја заштитат планетата. Секој еден од Нас може да го направи тоа.
Организацијата на earthhour поддржува независни иницијативи организирани од поединци или група на луѓе кои би сакале да го промовираат овој настан и донираат средства за поддршка на организацијата. Акустични концерти на отворено, читања, скара, вечера со свеќи, секој добронамерен настан може да го пријавите овде.



.
Се сеќавам дека во некоја од изминативе години се вклучив во настанот со вечера без електрична струја. Беше романтично да уживаш во интернетот на батерија, светлината на свеќите и така и така уличната не работи..
.

.
:подолгото видео исто така добро ја отсликува идејата на ова движење, нивните активности се навистина развиени, допираат во сите сфери на освестување. секој на сопствен начин се обидува да допринесе за ширење на информацијата. (провери го профилот на youtube). доколку некој сака може да ги следи постапките на претходните активисти кои успеале да направат најпрво да се исклучи електричната енергија во нивните градови, водичи кои покажуваат како да допринесете позитивна промена во вашата заедница.
.

.
.дали вие ќе ја поддржите некако оваа иницијатива?

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails