. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:невидливите деца против 'Kony

on Thursday, March 8, 2012




Што е она за што сакам да пишувам денес, а, е дел од една поголема граѓанска активност, чин на младински активизам кој променува, повик/ апел за повисока свесност меѓу граѓаните и поголема вклученост [овој пат].

Всушност се работи за еден проект кој мене ми е познат уште од поодамна, наменет за воведување основни стандарди во образованието, како и повлекување на децата од воениот фронт. Требаше да биде вчера, тогаш беше актуелно во мојот stream, оној невидливиот за оние кои ме следат, но, како што гледам другите не разговараа за видеото, темата и суштината на овој проблем премногу. Денес дебата за видеото е многу поголема, се отворија блогови кои зборуваат против организацијата, кампањата, но ете јас решив да ја поддржам.

За што станува збор? Го знаете ли Кони, дали сте слушнале порано за овој лик? Кој е тој? Што прави, како го прави тоа што го прави, зошто го прави, до кога ли ќе го прави?

Не ни помислив дека толку прашања ќе ми надојдат во глава, утро е, ова требаше да го пишувам вчера, темите кои остануваат неколку часови повеќе во глава секогаш ја имаат возможноста да бидат подлабоко обсервирани.
Иако ова е тема на која не и треба некоја дополнителна обработка, посебна стручност во пристапот или пак преголема критичност сепак е нешто кое веке 20тина години лебде во глобалниот простор и се нема превземено нешто круцијално, големо кое би го анулирало и како тема и како поим, проблем, постоење.

Тој Кони ти е фраер (лидер - манипулатор) кој веќе децении се занимава со киднапирање на деца и нивно обучување како би убивале во негова полза. Доаѓа од таму каде нема вода и храна, а животот е далеку од она што го заслужува секој просечен граѓанин на планетата, Африка. Згора на сите тие неудопства во кои се принудени да живеат, децата се условени да бидат дел од синџирот и начинот на кој се поставени правилата за живот таму, задолжително. Да се биде дел од Армијата е нешто што не може да се избегне, а ако се избегне следува најлошото, смртна казна, на која (иако застарена снимка) и до ден денес децата ја прифаќаат како `подобрата опција.

Идејата на ова видео, документарниот филм KONY 2012 е да ја прошири информацијата за Joseph Kony повторно. Да направи од него популарна личност, личност на годината, личност која ќе стои рамо до рамо со најголемите селебрити иако е злосторник. Lord's Resistance Army е широко позната со својата криминалистичка, терористичка структура. Армија која ја сочинуваат меѓу другите и деца, деца кои се програмирани да сеат страв, омраза, да заплашуваат и најлошо, да убиваат. Joseph Kony е нивниот водич, бунтовник без причина би го нарекло модерното општество, неговиот одговор секако би бил друг, но не можеме да застанеме и кажеме не за алатките кои тој ги користи да се спротистави.
.



.
Децении по ред иако крајно непопуларен, секогаш во сенка, скриен повеќето време сите го знаеме, оние кои се грижат за човековите права, се борат за имплементацијата на декларацијата секаде каде има пријавено населено место решија и оваа година да кренат глас за ова прашање, Joseph Kony мора да биде уапсен!



Дали е ова видео пропаганда, дали американците лесно паѓаат на овие тажаленки од типот на документарец за светот од категоријата `ш, дали некој од ова ќе направи огромен профит. Зарем овој Joseph Kony не е веќе мртов?



Прашања има премногу.. зошто facebook веднаш штом видоа вчера дека видеото оди viral го блокираа, зошто приказната повторно се спушти под земјата. Премногу работи поминуваат забележани тивко, без никаква реакција речиси и додека на reddit се води жестока дискусија, на другите платформи исто така, во последните 24 часа не видов никој во Македонија барем од оние кои се во мојот stream да зборува за ова.

Дали е оваа кауза вредна би се запрашале премногу луѓе, иако емоциите холивудски уште го владеат општеството , па ова поминува на прва рака. Сепак мојот блог е место за мојличен став и секако дека со ова што е постирано видеото овде давам на знаење дека оваа кампања е поддржана од моја страна и сакам за ова прашање/ проблем во блиска иднина повеќе да се зборува. Приливот на средства никако не е на одмет иако не верувам дека некој Македонец би бил толку хуман и би се вклучил во ова, но системот кој го има имплементирано оваа организација, после неколку години ефектира со позитивни резултати кај младите и образованието таму. Ја враќаат самодовербата, се вклучуваат во редовниот образовен систем (кој претходно го немаше воопшто), отворено зборуваат за нивните проблеми, се интегрираат во општеството како такво.

Да се најде Joseph Kony е клучно во овој филм?! – не би можел да мислам зошто тоа во моментов е spam и непотребно генерално како информација. Активизмот влегува во сите пори на општеството, желбата за промени е клучна кај повеќето слободни граѓани, со самото спроведување на оваа информација до поголема маса на луѓе придонесуваме позитивно за решавање на овој проблем и нему сличните.

Што како македонец би сакал да потенцирам за ова видео?
  • Моментот дека сме навикнати да ги гледаме прегладнетите деца од Африка на фотографии и сеуште да го имаме стереотипниот синдром на одбивност и гадење од истиот, додека мајка Тереза (македонка) го собирала остатокот од храната во авионите кога одела таму на посета. Ова како ветер за тоа дека воопшто не ни помислуваме на десетиците деца овде по улиците, иако се сметаме за хумани и свесни за проблемот на милионите деца таму.. тоа дека радо би се согласиле дека оваа кампања е застарена, квази емоционална и целта и е да собере повеќе пари врз основа на солидарност.
  • Би сакал да помислам на еден момент со набавките на оружје за таа армија во Уганда, за тоа кој е македонскиот Joseph Kony? Има премногу млади во нашата држава кои поседуваат оружје на црно. Не сте го знаеле тоа, се обидувате да го игнорирате фактот, некој навистина треба да ги отвори очите пошироко..
  • Колку ова има допирни точки со Нас како држава?
- Да помислиме уште еднаш на образованието?
- Педагошкиот пристап кој го имаме со младите?
- Дали одговорно презентираме реална слика за тековните случувања во светот пред младите?
- Запознаени ли се и вклучени ли се директно или индиректно младите од Македонија во глобални кампањи од овој тип?

(одлична прилика да се започне со придонес за зајакнување на глобалната мрежа, активно вклучување во кампањата која започнува официјално на 20ти Април).. формално или неформално. Овој блог пост е само апел до сите оние активисти out there кои би можеле да се вклучат, да информираат.. до сите оние на кои проблемите од овој тип и нивното решавање им е Важно!



Додека интернет почвата се полни со сарказам против ова видео и неговата цел, додека се обвинува тимот кој го сработил, јас би нагласил дека Злосторникот Кони уште е таму некаде надвор, опкружен од неговата армија (деца) мислејќи дека е Господ и дека неговата агенда мора да се реализира.

Последиците/ Резултатите од ова видео и од можноста проблемот повторно да излезе на површина се нешта кои допрва доаѓаат. Се надевам Овој ќе си го најде местото (во затвор), децата да бидат слободни и вратени/ адаптирани на нормалниот животен те(р)к. Invisible Children (организацијата која го има снимено ова видео) деновиве е таргет на секакви препукувања, дали работат транспарентно, кои се нивните цели, како ги извршуваат своите активности и тн.

Факт е дека ова видео е viral и ќе се шири информацијата уште повеќе, организацијата дава одговор на сите осуди, навреди дека се работи за глобална манипулација од која некој ќе профитира, сепак нивната мисија е многу посилна од Тоа!

.
:Дали оваа мисија профитира или е една од оние мисии кои си имаат зададено да го променат светот? - секогаш останува да заклучиме сами, која страна ќе ја поддржиме, мене ми е важно овие промени во светот да се случат, ова се несомнено важни чекори на човештвото кон подобро.
сепак, сите сонуваме еден ден да се разбудиме во една поубава средина која знае да го почитува животот на оваа планета во целост. Пред неполн час излезе уште едно кратко видео, благодарност од организацијата за целата таа позитивна вибрација која се создаде околу оваа кампања. !Да го промениме светот, хм.. ☮!peace!☮


.
..секако потпишете ја петицијава ОВДЕ, следете ги невидлвите деца на twitter и facebook.

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails