. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:ние, граѓаните [ехо]

on Saturday, January 21, 2012



Не можев да оддолеам и само со насмевка да поминам низ една информација која навистина внесе во мене едно прекрасно чувство на исполнетост како младински активист, граѓаниин секогаш исправен пред недостатоците со свои солуции и решенија. Така е и сега, а причината е една прекрасна колумна која денес уште неколку минути после будењето ја прочитав и како да кажам it make my day!

Станува збор за првата официјална колумна на Тамара Атанасовска [@TAtanasovska] за Радио Слободна Европа, со наслов Ние, граѓаните, и ако убаво се разгледате низ постовите на овој блог за една таква активност (се надевам) таа збори и потенцира за тоа колку е клучно и важно вклучувањето на секоја единка пооделно во сферите на активното живеење во едно општество.

Не би сакал да одам во дирекција на повтарање на работите кои таа ги произнесе таму, само би додал дополнителни да ги наречеме шлаг ворди кои мене лично ми оставија впечаток. Уште кога ја споделив колумната на facebook ми се протна прашање, која е златната средина? Таа добро нагласува дека старите граѓани се далеку од мотивирани да променат нешто во државата со оглед на тоа дека ете веќе трета деценија се обидуваат, а фактот дека било кој обид ќе биде спречен/ уништен е дополнителен демотиватор од друга страна за младите да делуваат незаинтересирно за важноста на промените и прогресот на одредени стапки/ делови во општествената структура.

:единствениот начин да се дојде до некои засега фиктивни промени е подигањето на нашиот глас преку социјалните медиуми.

таква е и колумната оди против ноншалантноста, незаинтересираноста на младите кои одбиваат да бидат активно вклучени во еден таков модел на граѓанство како тој што го промовираш, овој пристап (за жал) сега за сега го гледам како единствено решение, минимален прогрес во однос на нивната (не)ангажираност во едно активно општество.

не би сакал да го прескокнам овој дел, за многуте пасивни читачи да не го пропуштат (знаеш сите ние кликаме по музики и сликички) па, само би те цитирал како отпоздрав: "Да престанеме да постоиме како реакција и да почнеме да постоиме како сила која одлучува*. Можеме да почнеме од тоа што ќе го промениме ставот - „Ќути и трпи“, со - „Барај, ти следува!“"

Среќен сум кога гледам во моето опкружувње, пријатели за кои девизата на ганди е сосема својствена и дејствуваат како да нема друга, но, да, навистина ние сме промената која сакаме да ја видиме во светот!

Неколку пати до сега сум се нашол во ситуација да заклучам дека некои работи (позитивни, културни) се случуваат единствено само ако јас го направам првиот чекор. Најпрво дојдов до овој заклучок со безбројните активности кои сум ги реализирал во Струмица, но, верувам во една поголема световна проекција во која луѓето кои се грижат за овие промени и силно се борат со сите расположливи пријателски сретства за таквите да настанат се тие кои суптилно, но ете како ги прават промените. Создавање нов живот од семка е тешка работа, добро е дека уште пред да заврши зимата дека се раѓаат нови `ркулци, кокичиња кои и се спротиставуваат на зимата. Граѓани од прв ред за кои нема веќе време за чекање и нема време за климање со главата на работи кои не ти се допаѓаат и знаеш дека немаат општо добро ни за тебе лично, ни за општеството како цело.



толку од мене,
повеќе некогаш, некаде (ако не пак овде) во подобри времиња за кои ние ке си се избориме!

:поздрав

p.s. дополнително бев мотивиран да го напишав ова за тоа што цела веер работев на новиот изглед на блогот, се случи нешто визуелно со претходниот и едноставно морав да го променам. Се надевам Ви се допаѓа ~

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails