. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:рекреативно, 100 метра

on Friday, January 27, 2012



Не можев, а да не искоментирам неколку споредни информации кои ги слушнав денес, утрински. .. ако не ви се читка, ај чао, по fb една купа сликички. Моментот кој остана во мојата глава беше: ‘се замолуваат Хрватските граѓани да не го посетат натпреварот во Белград’ – од хрватските телевизиски медиуми преку сител за натпрeварот Србија - Хрватска. подоцна . .. хулигански муабет :)

По некое време читам: Скратени часови поради ракометот – ајде ученици, гитла дома!
Бркај работа момент или тоа навистина почнаа да ми се бркаат работите во глава.

Кога слушнав за хрватите на почеток малку се збунив, но менталниот склоп ме насочи на тоа да помислам дека, да вечерва ќе победиме и немаат потреба Словенците воопшто да доаѓаат. плус немаме проблеми како србија и хрватска меѓусебно. Јасна е работава, имаме добар тим, победнички или пак ако не е така работава е платена, договорена или whatever. добро е дека еве со спортот напредуваме. .. кошарка, ракомет.. топ!

но што пак ако изгубиме?!

Десет илјади македонци, со натажени фаци и дух срозен по ракометарскиот под во салата која деновиве ја преименуваа од београтска арена во гоцева.та.раса. [#fail] и си викам, да бре, ако изгубиме, треба да се убиеме или пак да испоубиеме се живо и диво што ни застане на пат до вагонот или автобусот за назад. И така, оп, пуштив една лоша мисла во мојот систем. Не сакам да го правам тоа, доволно ми е загадена околината, за да ја загадувам дополнително и мојата глава. [ова не се важи, нема бесплатни карти и превоз] :)

.
Ова не е мое мислење, ова е наметната фикција конструирана од искуството кое го имам како македонец. Имаме ли ние тепачки манири, знаеме ли од ништо да направиме беља. .. и така сите комити, ајдуци, револуционери и алтер ега во мене се разбудија и го насетив тој сериозен нагон, општонароден. .. можеби?!

Дали може македонската публика, ако не сите, делумно, после пораз на еден таков важен натпревар за Македонија да го демолира Белград? Секако да, да. И си викам па да, добро дека Словенците (иако јавно не повикани) барем знаат со кој си имаат работа и делумно може да го насетат тоа. Антички барбари, проалександрови воини со канализирана чиста крв, секогаш спремни за се`. Страшна генеза. .. и да не си должам самиот на себе, заклучив дека може сме опасни, на самите себе, на околината, на општото мислење за Нас надвор, без разлика колку е тоа #добро?!

[facebook status update] :југославија. .. на подиумот југот наспроти славија.та. најЕвропското наспроти најБалканското од одличниот проект. !и двете мали и двете жилави. тие се тие прави навивачи што во моментот се таму и ја бодрат Македонија. !и Би победа! #makrakomet

Да, горд сум што сум македонец и нема да должам. Баба ми должела по планините кога доаѓала од Егејска. Но, никако не би се идентификувал со овој одраз за тоа дека оставаме впечаток надвор во кој се проектира негативна особина. Би влегол во антитеза на моето убедување и пракса на идентитетот и менталниот склоп кој го поседувам. можеби и не не мислат за така лоши, оставам да заклучите сами, дали е добро да знаеме дека сме лоши како маса во гро план, како цело. се тепавме и на кале и на мале и каде ли не.. би сакал да продолжам да верувам во онаа чиста слика за македонец како дедо. Ама па и тој бил во војна, и пак дилема, пак подруми, круг. Но, за да овој круг продолжи да се врти добар мотор е и другата информација!

Продолжен зимски распуст, продолжен летен распуст, празник, празник, слава, куќна прослава, државен ден за борба против будењето, и јас сакам да сум вработен. .. доаѓаат сега 14 февруари, 8ми март. Споени, продолжени викенди и по некоја лопата, 100 % пролет иде.




Си го завршувам ова разгледување на мини корнерите во мојата глава, застанувам повреден на точката за пенал и ја оставам топката. ..заминувам незадоволен од тоа да си дел од тие луѓе, дел од таа раса, која некогаш некаде била опејувана и славена. И Би Победа!. ..тивко мислите продолжуваат..

[update] Македонија победи на мечот против Словенија, заслужено 5то место на Европското и обезбеди пласман за квалификацискиот турнир за Олимписките Игри. 28-27, тешка игра, вредеше да се следи мечот, наспроти вториот глас од собата за коментирање на сител. споделив емоции на twitter: !голманот здрав и жив - цел автобус машки деца ::: браво МАКЕДОНИЈА!

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails