. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:топ 3 (+2) и уште нешто..

on Friday, June 8, 2012



Пред ден/ два се вратив од Скопје и не наидов на текст поврзан со изложбата на група млади современи уметници од државата. Уште истата вечер кога беше отварањето на оваа занимлива комбинација од простор, време, групација разговаравме на тема feedback за настаните кои се случуваат наоколу и недостатокот од споделување критика, мислење, коментар за делата кои сите тие автори ги создаваат. Интересен е и фактот дека всушност фотографиите со луѓето на facebook добиваат поголем број like-ови од оние со нивните дела, така овде нема да гледаме фотки од фаците туку од нивните креации, погледи, разбирања и пристап кон создавањето на едно `концептуално уметничко дело.

Решив да го разбијам ледот и опуштено да си направам топ 3 (+2) и уште нешто селекција на делата од вкупно 17 автори. Најпрво инфо за изложбата превземено од настанот објавен на facebook:



Простор (именка) – Континуирана област или површина која е слободна, достапна и незавземена.

200 квадратни метри во кои 17 уметници го мапираат својот простор – личен, општествен, виртуелен. Придружете ни се на оваа самоиницијативна акција.

Поставката трае само еден ден.

Учествуваат: Александар Зафирофски, Андреј Анчевски, Дијана Богдановска, Ем Елефантски, Зорица Зафирофска, Иван Ивановски, Инес Ефремова, Кристина Божурска, Лидија Петковска, Марко Манев, Миа Јовановска, Милан Андов, Милена Стевановска, Никола Узуновски, Тони Димитров, Филип Јовановски и Ѓорѓе Јовановиќ.
Куратор: Бојана Јанева-Шемова

Музичка програма:
- Dusko Janevski
- Andreas Hz
- Toni Dimitrof

„Младите уметници, дел од изложбата Простор, се поттикнати од слободата да се претстават надвор од постоечките институционални структури, а притоа дозволувајќи си ја слободата во просторот, во изборот на авторите, како и во начинот на кој приоѓаат на тематската определеност. Идејата е делата да зборуваат индивидуално, без претензија на освојување на туѓ простор, туѓа територија - просторна, општествена или социјална...“

Според мене:
Крајно креативен и инвентивен настан, провокативни, збунивачки (на моменти) дела, весели, тажни, информативни, инспиративни, историски, занимливи и некои непотребни ;)

Сепак, кога веќе се изложуваат толку дела нормално е мислам едно дело да ти остави повеќе впечаток од друго, но би посветил внимание повеќе за оние кои мене ми се допаднаа, некои од прва некои по кратко време, т.е. на второ разгледување и разговор со авторите.

Пред да кажам кои 3 ми се фаворите би сакал да кажам дека сите кои се дел од овој нов бран заслужуваат громогласен аплауз заради промовирање независност, деинституционализација на уметноста, слобода на инвентивноста и идеите,  промоција на неафирмирани, талентирани, позитивни луѓе и автори.

За разлика од повеќето негативни коментари кажани позади грб и недоразбирањето на некои од концептите презентирани на оваа групна изложба, јас овој (простор) би го отстапил на организаторите за да им честитам на храброста да се пуштат во еден таков голем проект, подвиг кој опфаќа луѓе речиси како сите прсти на нашето тело. Комплексноста за една ваква организација е голема, им посакувам за следните проекти, изложби, перформанси повеќе среќа со финансиите затоа што `знаеме` дека е навистина тешко да се направи било што без нив.

Делата на уметниците според мој вкус, можеби, по локално настроени, приземјено инвентивни, ограничени вакуумски поради презаситеноста, но од друга страна искрени, отворени, комуникативни (интерактивни), полесно опипливи за размисла, симболични концепти кои лирично (повеќето) допираат до суштината на темата која ја обработуваат.

Ќе почнам со фурната на Дијана Богдановска како нешто кое последно го видов, но ми остави најмногу впечаток. Зошто и јас не знам, можеби дека стоеше до гробишта?! Исто така мој фаворит, но како концепт од поодамна познато..

photo by: Лидија Петковска

Фурната на Дијана зборува за една тивка интима, за едно страдање, пронајдена-изгубена среќа, за животот кој сака да биде завиен, заштитен. Безбеден, изолиран.. а, сепак кротко болен. Лузните кои ги носи овој проект се далеку од површински, допираат искрено кога започнува дијалогот помеѓу оној што го гледа делото и згуснатиот воздух кој се наоѓа во фурната. Не би ставил толку памперси..

Во двојката би направил една комбинација од две дела: stancil wall-от на Тони Димитров како еден поразличен пристап на изложбата, попи, урбано, исчистено, стирилизирано, а сепак урбано, улично. Симболиката која ја наметнува со обработка на Исус во форма на мурал е флоскула, вистина која е прикриена, изиграна.. постои ли вистински спиритуализам, духовност, верба или тоа е првиот тапет кој го лепиме на нашата личност?!

photo by: Ангел Ангеловски
 
Овде секако влегува изборот на најразлични украси, штрафови, жици, елементи кои го надополнуваат карактерот на авторот Кристина Божурска која решила да ги конзервира, вакумира, да ги зачува под куќните скали, како пресна зимница, заедно со се гео-локацијата сите оние парчиња небо` кои неа и оставиле трага. Ја дефинирале како постоење за време на нејзините патувања. Концепт кој би можел уште повеќе да се доработува, анализира, надополнува.. но сепак, како што кажувам погоре во рамките на оваа изложба ете како држеше баланс во просторот во кој беше изложен.

photo by: Ангел Ангеловски

Прво би било делото на Филип Јовановски и Ѓорѓе Јовановиќ, затоа што носеше како темел една подлабока, поширока тема. Поддржуваше во крајна рака мало истражување, историски пристап на времепловот кој го ислустрираат, комплексна комбинација на местата кои беа спотови/ точки на нивната приказна. Она што не ми се остави ептен ептен впечаток е изборот на цртежите. Беа како од боенка, многу повеќе би ми се допаднал урбаниот, уличниот израз, како оној што може да се види по стикерите во Скопје, овдешните ми беа премногу школски, да не речам предшколски. Всушност, можеби и тоа била идејата на авторите, да ни доловат една детска естетика, една детска радост за споделување на приказната со аудиториумот, изборот на реквизитите доловуваа едни скриени синопси, мизансцени кои единствено доколку добро ја следиш координацијата, мапирањата сами ја отвараат..

photo by: Ангел Ангеловски

Не знам како би одел со редоследот, сепак ова не е Евровизија и авторите ги почитувам многу повеќе, одлучете сами како ќе го прочитате, од Вас зависи како што велам во една песна, од долу нагоре или обратно. (парафразирам)

p.s. сакам да кажам дека уживав да си го мијам лицето на флуоросцентната чешма на Ем Елефантски и да ги јадам ресаните во candy room-от на Инес Ефремова, штета што не прашав дали имам пристап до аптекарската витрина. :D

Поздрав до цртежот/ сликата на Иван Ивановски, суптилен, тивок, а толку хаотичен. Некогаш е потребно да ги прескокнеме контурите на хаосот, убаво го направил тоа Иван. 

photo by: Ангел Ангеловаски

* * *
~ Поздрав и до дечкото од другата соба, сите ние некогаш мислиме за нешто позитивно, некогаш за нешто негативно, а некогаш за `ништо. Тежината во очите на неговиот рол плеј актер, илустриран карактер зборуваат за еден поразличен живот. Би сакал во иднина авторот да ја отвори/ анимира оваа приказна.


.
.

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails