. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

.Калиопи срцка

on Wednesday, April 25, 2012
Психонаути,

додека мислиме дека живееме во пародија од држава, нивото на хумор и сатира е сведен на иронија, потсмев, прост сарказам. Зарем дневниците на уредниците на порталите се толку мали или нивото на размислување толку ниско? нечовечно изразување на комфортноста на ефтините столчиња во импровизациите од маркетинг агенции и фирми не ви дава за право да си поигрувате (секојдневно) со нивото на вашите читатели. Сепак, не сите се припрости, треба да му ставите Вие (..и само Вие) крај на овој навредлив пристап кон информациите, без разлика од каков карактер се.

И после не сме биле мрчатори, народ полн со презир. Зошто со вакви наслови и теми мислиме дека креираме сензација?

  • Калиопи го “зезна” и Ѓоко Танески zdravo.mk 
  • Бато, хтела сам спикати off.net.mk 
  • Калиопи слабо англискиот а? fun.mnogoo.mk 
  • Ах, Калиопи Калиопи, зар и ти падна на тестот по Англиски? tocka.com.mk 
  • Де бе Калиопи БркајРабота 
  • Калиопи и англиски - магаре и козметика! ТВ Пакет 
  •  „Бед инглиш резил македониш“ kirilica 
  • Калиопи, транскрипција on.net 

Сега видов едно подолго интервју од Калиопи и не би сакал да застанам на нејзина страна, но таа се снаоѓа, добро зборува, разбира. ..самата не би требало премногу да нагласува дека не знае да зборува, сепак тоа се забележува. Ако сака од тоа да направи маркетиншки трик, хм.. друга приказна.



Горчливоста на еден народ најмногу може да се анализира преку пишаните и електронските медиуми, ако ги погледнеме повеќето денешни наслови поврзани со видеото ќе дојдеме до заклучок дека сме доста огорчени, но сепак нерешливи, избираме послаб удар. Поседувањето медиум и продавање сеир наспроти црна хроника, криминал, патишта и време. Угледот и достоинството се две заборавени реквизити кои никој не ги користи. Така изгледаат работите кога големиот брат ќе ти дозволи да погледнеш во backstage, позади кулисите, рефлекторите, камерите. Точно, и ѕвездите не се ѕвезди, но и тие што треба да пишуваат и да известуваат за нив не се помалку лоши. Мислам дека иднината на технологијата требаше да не однесе подалеку од сцената полна вулгаризми, граѓанскиот глас може да исчезне како ехо, да биде крик, но и да биде многу силен.

Сеедно, потсмевањето со умот на читателот е најтешката игра која ја имаат медиумите, затоа овие новите се многу временни, минливи. .. како тоалетна хартија!

2 comments:

Anonymous said...

Море ајде!!! Уште малку нас ќе не направиш криви што Калиопи Величествената решила да се „бламира“ наместо да научи 2 цели реченици на англиски и достоинствено да не претстави! Или ние родени само за потсмев сме?! Не можела ли да научи само:I'm Kaliopi. I represent Macedonia! Vote for us! Our song is beautiful! Тешко ли е? Или Калиопи се смета за полу-човек, полу-божество, па ние мора да и се восхитуваме и на глупоста? Срамота!!!

Magdalena said...

Хахаха 'anonymous'те молам остани анонимен не се брукај со својата ограниченост:))))) Значи го обожавам Ајнштајн:
"Две работи се бесконечни, свемирот и човечката глупост. За ова првово не сум сигурен."

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails