.
Ми се допадна оваа статија, па решив да ја споделам. Секако нема да ги споделам сите книги за кои оваа `фантастично девојче кажува, но за дел од оние за кои на ум и паднале брилјантни идеи секако. Всушност станува збор за едно 6 годишно девојче кое суди за книгите според нивните корици, таа измислува различни синопсиси за тоа што може да се случи во книгата и веднаш кажува – таа ќе биде интересна, а оваа ќе биде тажна!
Нејзините родители, а и постарите баба и дедо често посетуваат книжари и таа е секогаш со нив, присутна меѓу полиците полни приказни. Уште пред неколку години почнала да прашува: за што се работи во оваа книга, мамо? Сите знаеме дека е многу тешко да се одговори на такво прашање поставено од 6 годишно дете, а се однесува на книгите на Џејмс Џојс, Орвел, Фиџералд. ..Тешко е да се одговори на истите прашања и на возрасни кога станува збор за Одисејата или за Животинската фарма, но таа шета по рафтовите и прашањето е наменето со ист интензитет и за автобиографските книги и за книгите од областа на психологијата.
На прашањето што таа мисли за книгата со која е фотографирана `No Exit, таа одговорила: “Се работи за некој кој е во затвор, а знаете дека нема излез од затворот.”
Во продолжение нејзините коментари ги оставам во оригиналната форма, нема ни да се обидам да ги `преведувам, се надевам нема да ви пречи тоа. Поздрав! :)
“It’s about a person who is a robot, a very colorful robot. He’s pretty fancy for a robot.”
0 comments:
Post a Comment