. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:флексибилен олимписки спринт

on Friday, July 20, 2012

Од секогаш мислев дека луѓето кои имаат физички хендикеп и сакаат да го надминат се групата на луѓе кои служат како најдобри мотиватори во животот. Нивната приказна може да инспирира милиони да погледнат на животот поинаку. Сите се сеќаваме на австралискиот говорник и мотиватор Ник Вујачич, знаеме колку милиони луѓе се расплакаа на неговата приказна и најдоа скриен жар, порака која ги ослободи од сите претходни дефиниции за тоа што значи животот.

Овде беше и една друга приказна која се појави на TED talks, таму девојка зборуваше за тоа како 'сега' може да избере различна големина/ висина/ должина за нејзините вештачки нозе и со тоа да се адаптира на висината на партнерот со кој треба да излегува. Велеше дека воопшто нема проблем дали е тој 150 цм или 190цм, за неа тоа значело само менување нозе. :)

Во радост и смеа ја раскажуваше нејзината приказна и садеше надеж меѓу луѓето кои ја слушаа. Ги имаше изгубено нозете за време на snowboarding во раните тинејџерски години, а сега е една од редовните победнички на натпреварите во бординг за лица со физички недостаток.

Денес наидов на фотографија како олимпискиот ‘Blade Runner’ трча спринт 'без нозе'. Oscar Pistorius од Јужна Африка е првиот атлетски трчач со ампутирани нозе кој ќе се натпреварува на Олимписките Игри оваа година.

Тој ќе носи протетика од јаглеродни влакна, наменета исклучиво за спринт, а дебата се води околу тоа дали неговите флексибилни нозе ќе ја издржат трката и дали со тоа трчањето ќе биде полесно или потешко за него?! Нема сомнеж дека начинот на кој неговото тело ќе ги покрие овие 400 метри е поразличен од оној на другите конкуренти. Неговиот старт ќе биде побавен, а со трчањето веднаш ќе успее да се надоврза на другите натпреварувачи веќе неколку секунди после стартната линија.. Неговите аеро-балансирачки способности способности се далеку поразвиени од оние на другите атлети и со тоа `можеби му даваат предност. Може ли да биде победникот?

Ова се приказни кои мотивираат, не?! Секако посакувам успех ~


:фотографијата е од Discovery News


0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails