
Тие не се исти!
Ризикот е насекаде околу нас. Кога се сретнуваме со потенцијални ситуации на неуспех, ние сме лице во лице со ризикот. И ништо не го суди ризокот повеќе од уметноста, желбата да се направи нешто за прв пат - да се направи разлика.
Стравот е природната реакција на ризикот. Додека ризикот е реален и надворешен, стравот постои само во нашата имагинација. Стравот е тренингот кој си го даваме/ правиме самите себеси кога замислуваме , предвидуваме што ќе се случи ако не излезе така како што сме планирале.А грижата? Грижа(та) е напорната работа, односот кој го градиме со себеси кога активно (и ментално) работиме, создаваме стратегија против стравот/ начин да го елиминараме стравот. Грижа се сите наши напори да ги предвидиме сите можни исходи/ резултати кои предизвикуваат во нас страв, и тоа да се преживее она од што се плашиме, ако станува збор за реализација.
Ако сте си убеден дека ризикот е доволна причина за страв, и дека стравот е доволна причина за загриженост, Вие сте во процесот на некоја од оние долги (тешки) ноќи и наскоро ќе се откажете од вашата уметност / работа поради исцрпеност. Од друга страна, Вие ја имате можноста да изберете, да разберете дека станува збор за три сосема одделни феномени, дека е можно да има ризик (ова е одличен елемент), без болки страв или нивниот најдобар пријател, опсесивната загриженост.
Најпрво направете граница, одделете ги овие феномени, елиминирајте ги лажните причинско-последични односи, па продолжете понатаму и направете го она што најдобро знаете, дадете се од себе!
:превземено и преведено/ адаптирано од блогот на Seth
.
0 comments:
Post a Comment