. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:личност на годината о.О

on Thursday, December 22, 2011

.

.

.

:И како што имам споменатo погоре, некои работи едноставно мора да се кажат. При крај сме на годината и ќе стане интересно со најразличните честитки кои автоматски од сите страни ќе почнат да фрчат низ социјалните мрежи, ќе има и линкови, собирање поени за кој што направил, како направил. ..која е личност на годината?!

.


Личност на годината о.О

:c'mon; мислам дека е премногу иронично да мислиме на такви работи, а уште пострашно да размислуваме. бизарни листи на морбидни марионети, ќе има и такви вистински де, скраја да е, но оваа првата очи вади! ..во оваа мила, напатена Земја ние се` си имаме.


И така сезоната може да започне!


случајно деновиве забележав две-три листи, но, искрено ми се виде премногу рано за уште сега започнам да следам кој каде се појавува .. но, не можев, а да не спомнам една, овде лежи зајакот!

читав некоја колумна од геровски, немаше ништо општо со ова што го пишувам, но еден коментар ми го одзема вниманието. парафразирам не дека точно вака беше коментарот, по кои критериуми била направена листата за личност на годината која ја прави екипата на плус инфо. полека, читајќи ги коментарите одоздола нагоре стигнав до десниот sidebar и што да видам о.О


  • Никола Груевски

  • Бранко Црвенковски
  • Коце Трајановски
  • Стевче Јакимовски
  • Сашко Коцев
  • Тони Михајловски
  • Билјана Беличанец
  • Туна
  • Сузана Гавазова
  • Перо Антиќ


#јако, јако нема што. Ако ова не е #fail јас не знам што е. али да, извини геровски ова е одличен fusing, склоп на варијации од професии. ..конфузија чиста е ова!, гарантирам дека чудно се чувствува беличанец во друштво на гавазова, како единствени жени во друштво на 'екипата'. sorry туна тебе на крај те видов!.екипата ми е изледа зајакот, но каков е, варен или со црвени очи, па бел ли е? - оваа листа е далеку од сите критериуми.


- коцев и михајловски треба да држат balance во ситуацијава? - не ми е јасна работата.


.Сепак не се сите така лоши. би го нагласил изборот на karmakasha, dnevnik и the best promoter of Мacedonia.


овие од дневник вака некако сами си се подредија. оваа листа исто така има интересни комбинации, но да не бидам жесток нема да продолжам да ја гледам детално.

- актерот Никола Ристановски,

- херојот што спаси ученичка од давење Хајредин Заими,

- каратистката Наташа Илиевска,


- Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи,

- Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“,


- Марин Докузовски, тренер,

- Kатерина Ивановска, модел,

- Мира Трпеска (Манастирец) хуманост и грижа за 12 деца со ПП и

- поетот Никола Маџиров.


последната листа од оваа серија е онаа на The Best Promoter of Macedonia Awards и според мене организаторот навистина умее како да види и селектира што е добро надвор од нашава земја. Станислав иако не е македонец успеал да го препознае подоброто..


Категорија уметност и култура

- Стојанче Андонов–Дито - академски сликар и вајар од Кратово
- Дуке Бојаџиев – музичар, композитор
- Георги Гавровски – магионичар, основач на НМАМ-Македонија
- „Јахја Кемал колеџ тим“ - група наставници, ментори на ученици што постигнуваат научни успеси на меѓународните олимпијади
- Игор Киров - танчар, балетан и кореограф
- Татјана Манева – сликарка и графички уметник
- Никола Маџиров – поет, есеист, преведувач
- „Мизар“ - рок-бенд
- Градимир Панков - танчар, балетски мајстор, уметнички директор на „Les grands balets Canadiens de Montreal“
- Симон Трпчески - музичар, пијано-виртуоз, Национален уметник на Република Македонија
- Тања Царовска – пејачка, текстописец, композиторка


Категорија туризам, извоз и претприемаштво

-Љупка Арсовска - модна дизајнерка, стилистка
-Стевче Доневски - промотор од Кратово
-Симеон Моне Златев - проект „Најмал етнолошки музеј на светот“
-Љупчо Јузмески - туристички водич, коорганизатор на фестивалот „Разиграно оро“
-Гоце Маневски - интернет-промотор, проект „Ај лав Маседонија“
-Валентина Тасева - генерална директорка на „Семос едукација“
-Деан Шкартов - уметник, претприемач, промотор на македонскиот рубин


Категорија дипломатија од добра волја

-Александар Богатинов – волонтер, промотор, образовен работник
-Фабијан Вендриг - промотор од Холандија
-Тони Грчески - „Македониум“, здружение на Македонците во Белград
-Лутс Домел - почесен конзул на Македонија во Брисел
-Никола Ѓурѓај - претседател на македонското друштво „Илинден“ од Тирана
-Вирџинија Еванс - директорка на македонскиот филмски фестивал во Канада
-Петер Зрински - промотор на македонската култура и музика од Шведска
-Македонската кошаркарска репрезентација
-Шенол Мемиш - претседател на македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ од Битола
-Зорица Митровиќ - „Македониум“, здружение на Македонците во Белград
-Пеце Наумовски - јуниорски карате-мајстор, Австралија
-Александар Стеванов - интернет-промотор и блогер


..мислам дека откако ги забележав овие неколку листи, ќе продолжам да ги следам до крај. и да, мене не ми се занимава, но вие секако може да гласате на сите до крајот на месецот. few days left, hurry Up! ;)

:p.s. ја би да гласал за Кате или за Никола..
.

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails