. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:d #urban city 2.0 is upgrading d new :beta Earth 3.0 [no war needed]

on Sunday, December 11, 2011
.
.
.
.

  • The City 2.0 е град на иднината ... иднина во која повеќе од десет милијарди луѓе на планетата Земја некако мора да живеат одржливо.
  • The City 2.0 не е стерилен утописки сон, но надградување на реалниот свет што се вградува во колективната мудрост на човештвото.
  • The City 2.0 промовира иновации, образование, култура и економски можности.
  • The City 2.0 е градот кој работи и функционира!


TED Prize пред неколку дена ја објавија наградата за 2012 година и замислете тоа за прв пат не е човек, туку идеја. The City 2.0 е проект идејата која оваа година ќе добие награда во вредност од $100,000, и е сосема невообичаено што организаторите на TED Prize оваа година се фокусираат повеќе на идејата сама по себе. За прв пат оваа идеја пред публиката на TED беше откриена некаде во февруари оваа година, но, овој пат тимот кој стои позади овој проект за следната презентација ќе оствари соработка со организаторите на TED и е во потрага по нови учесници. Огласот е интересен чекор напред со кој тимот сака да направи паралела помеѓу инкубацијата на проект-идејата и инкубацијата на процесот; централна/ главна карактеристика за успешно изградена одржлива средина во која ќе се развива проектот.

која е иднината на овие програми кои поддржуваат индивидуалци со силни визии и конкретни развојни етапи?

Веќе неколку години сме сведоци на фактот дека TED Talks како Гоцево поле за размена на културолошки, технички и естетски искуства разви посебна стратегија на промовирање на она најдоброто од нашата планета. луѓето обединети со една цел `подобро утре, секојдневно ги презентираат нивните искуства, изуми и визии кои би допринеле за развој на една по едуцирана средина за нашите деца и плодна иднина во која планетата како цело, ќе изгради еден сосема нов систем на себе оддржување каде луѓето ќе бидат главни двигатели на цела таа органска машина, која можеби ќе треба да погледне малку назад во минатото, како би искористила дел од знаењата претходно и би етаблирала и лансирала во новите модели на живеење.

за што се работи?
Наградите TED се развија како резултат на веќе добро познатиот феномен наречен TED Talks "идеи вредни за споделување". Наградата редовно се дава на поединци, индивидуи за да им се помогне во иницирање на програма која би им ја остварила нивната 'желба' презентирана претходно на TED конференцијата. Оваа година наградата ќе биде на тимот кој со заеднички напор го создадоа проектот The City 2.0, кој промовира иновативност, образование, култура и еконосмки можности. ..а, од друга страна го намалува присуството на јаглерод диоксид, отвара поголеми возможности за малите семејства и го олеснува притисокот при развојот на руралните средини. The City 2.0 е местото на новите убавини, возбудата, вклученоста, разновидноста и новите прочистени форми на живот.

Урбаноста доби речиси култна улога во дизајнирањето на средината, посебно кога живееме во време кога имаме притисоци од глобалното затоплување, порастот на населението и управување со човечките и природните ресурси. Во моментот на осознавање на фактот дека средната проценка на 70% од човештвото кое ќе живее во градот до 2050 година (50% од денес), поврзано со тоа дека градовите стануваат најдобар начин да се развие еднаквост помеѓу приходот и пониските такси по глава на жител, овој избор, наградата да заврши точно во рацете на овој тим веќе има многу повеќе смисла. Градовите се сложни, органски создадени места, и не се дизајнирани колку што вертикално интегрираните технологии даваат возможност и повремено наметнуваат менување на смислата и самиот карактер на тоа што треба да означува "Град".



Вистинскиот пресврт во моментов е како наградата ќе биде доделена. "Како оваа награда ќе биде прифатена од страна на City 2.0? Преку визионерски поединци ширум светот кои се залагаат во негово име. Ние ги слушаме нив и им ја даваме возможноста колективно да замислат желба. Желба способна да иницира голем проект со кој ќе се роди соработка меѓу членови на глобалната TED заедница и навистина за сите кои се грижат за иднината на нашата планета. "

Од потенцијалните соработници се бара да испратат е-маил или коментар на тоа како тие можат да придонесат за "желбата", која ќе биде промовирана на 29 февруари. Имаме уште неколку месеци исчекување да Видиме што тоа како солуција ќе ни презентираат.





- овој текст е напишан врз основа на информациите споделени за настанот, изворите не би ги линкал за тоа што станува збор за комбинација на информациите кои го доближија настанот поблиску до мене.. доколку сакате да дознаете повеќе за TED наградите гуглајте го TED Talks, погледнете едно од серијата видеa кои ја промовираат идејата за The City 2.0 или погледнете ја генерирана листа на видеа на youtube.

:ако самите себе се сметате за визионери, помогнете во реализацијата на овој проект и во Вашата општина, сигурно се сеќавате на позната парола: Think Global act local!

[sustainable adiOs]

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails