.
.
.
Ти ја избираш страната која ќе ја зaземеш!
:доаѓаат времиња на промени, сите го зборуваат тоа, сите потсвесно го посакуваат. Но, дали сме подготвени, дали сме спремни да се соочиме со Вистината, таква каква што е?
Вистината боли, брутална е и безмилосна, удира таму каде што најмногу боли. Сигурни ли сме во човештвото, во сите единки поединечно? Сакаме ли меѓусебно да си веруваме? Треба да сме подготвени да застанеме силно пред нашите предрасуди, фрустрации, стравови. ..да застанеме пред огледалото кое не ги кажува најубавите работи како во приказните, ами пред она огледало кое сурово, жално ја рефлектира суштината на бедното живеење.
- Нема прогрес, да не се залажуваме!
- Нема љубов, да не се залажуваме!
- Нема идеи, развој, толеранција, соработка. ..да се разбереме!
Станавме конзумирачки животни кои гледаат заработувачка во се', ако не си тој што ќе донесе профит во нивниот живот, немој ни да се изненадуваш ако не си пријатно прифатен во 'кругот на пријатели'.
.
.
Луѓето не се убави. ..на нив им требаат пластични хирургии; луѓето имаат ужасни тела, потребна им е поскапа облека; Немојте да водите љубов, тоа воопшто не е пријатно; немојте да размислувате со сопствена глава, луѓето се убијци и да, Вистина, секој кој би можел да стои до Вас е потенцијален терорист, бомбаш – самоубиец, дојден е да го земe Вашиот скапоцен живот. Децата во Африка не се гладни, поминаа таму Американците уште пред неколку години, однесоа тони брза храна, немаат проблеми со мирот во Палестина, Иран, Ирак. ..таму љубовта/ мирот цвета, сите се среќни. ..нафтата се пие место вода, секој од сопствениот двор си заработува. ..а, децата таму, на другиот крај на светот, тие немаат потреба од образование, доволно е едната хемисфера да биде паметна, а другата работна. Ако сакаш да учиш, оди во Америка, таму обазованието е во Ек, Африка за нив е на местото на Австралија, тоа се совршени методи на интерактивно образование.
До кога ли ова општество ќе ни наметнува стравови, несигурни иднини?!
- чичко пушти визи, место летки. ..за друга планета, оваа смрди! ..сакам да сум јас слободен уметник, може да станам дел од организацијата? Не, мал Си, сѐ уште треба да учиш!
Но, јас сакам да научам да лижам г***ви, зарем вака Вие не ја добивте Вашата диплома? Ви Верувам, Вие ги имате сите начини како да ја спасите економијата, нема да се јавиме во полиција. ..и таа е корумпирана. Ние сме хипици, ние не сме пожелни!
Немојте да слушате што ние имаме да кажеме, ние ќе престанеме да збориме. Ние не сме наивни, ние Го поддржуваме убиството, тероризмот, ние сме оксиморони!
Ех, и така до недојдија..! Се појавуваат нови сили, дечково во видеово е само еден од многуте низ светот кои со мегафони ја рефлектираат судбината на човештвото. Судирот на интереси: оние природни, исконски кои доаѓаат од раѓање и оние мутираните, кои како метастази на лош рак се шират во умовите на мнозинството. Терапија за заспивање, хибернација, додека демонизираните моделираат илузија, поголема од кога и да е!
Сепак, картицата од банка е билетот до среќата, шопингот благослов на боговите, убавината, ма и таа е прекрасна!
:[доколку тешко Ви оди англискиот и не разбирате во целост, еве ви линк од страница во Бугарија каде е споделено истото видеото поддржано со нивен превод]
0 comments:
Post a Comment