.
.
.
Во денешно време секој од нас се обидува да живее со технологијата која секојдневно се развива. Најголем опит во целиот овој бран на развој на идеите со помош на технолошките помагала се дизајнерите.
Што е важно да се потенцира овде е тоа дека доколку сакаме да се занимаваме со визуелно изразување со помош на овие технологии е секако знаењето кое е предуслов за успешна реализација на нашите идеи. Задолжително е да имаме базично познавање на историјата на дизајнот како би се адаптирале на модерните трендови и на она што пазарот го бара.
Во ова видео се потенцира процесот на креирање, употребата на сето расположливо знаење кое го имаме, како да бидеме практични без разлика дали е тоа во начинот на користење на материјалите или во final look-от на производот кој го имате создадено.
Издржливоста на продуктите кои ги создаваме е главен фактор за опстанување на пазарот, употребата на еколошки материјали, можноста продуктот кој сте го создале да не биде one use only, да не загадува во ниедна смисла се клучни за успешен дизајн кој соодветствува со прогресот кој се случува во 21 век.
Според Yves Béhar добар дизајн е оној во кој се вклучени и сумирани повеќе идеи, изразот е едноставен, а функционалноста максимална. Не е важно да се напише книга за искуството со дизајн потенцира, поважно е вашите дизајни да бидат дел од општествениот прогрес, да бидат употребливи и корисниците задоволни, тоа е суштината на добриот дизајн.
Да ги оптимизираме идеите е најважно од се, да ги сумираме најважните точки зошто го дизајнираме овој продукт. За кого е наменет, има ли начин да се моделира од искуство кое е веќе практично и функционира на пазарот. Не целиот дизајн се случува на компјутер, овде многу дизајнери грешат. Најпрво започнуваат скиците, забелешките, првите обиди за дефинирање на она што го правиме со помош на моделирање на прототипот кој го создаваме, корегирање и тн. Комјутерот е она што доаѓа како шлаг на крајот, откако веќе имаме продукт кој во целост е конкретен и дефиниран.
:Eco dematerialization, што е тоа?
- тоа е она што иднината на дизајнот се повеќе го практикува. Сите знаеме дека користењето премногу материјал освен што создава премногу отпад отпосле и во самиот процес на користење не е толку практично. Намалувањето на материјалот не значи дека резултатот нема да биде квалитетен, напротив уште поуспешен. ..помалку материјал, помала цена + дополнително олеснување во рециклирањето.
Less is more! - е девизата на 21-от век, сега веќе секој што е свесен за негативните последици кои како човештво ги создаваме за планетата го практикува ова знаење. Секој ден сме се посвесни дека досега сме користиле материјали во изобилие иако тоа не е потребно, додека сега се чистиме од сето тоа претходно искуство и се адаптираме на можностите кои овој нов бран на еволуција на човештвото ги нуди. Важно е функционалноста на продуктот да се задржи, но не е задолжително и тежината, а со тоа и цената.
.
На почетокот помислив само да го споделам видеото овде, но додека го слушав не можев, а да не направам некои белешки кои се надевам дека ќе ми послужат мене, а и Вас во иднина.
Ќе ги чуете внатре седумте принципи кои ги практикува Yves Béhar за време на еден креативен дизајнерски процес. Тој го промовира 'светион начин на создавање' кој подразбира целосно активно учество на дизајнерот од дефинирањето на бизнис моделот, самиот процес на дизајнирање како и фабричкото производство кое следува по тоа. Не ретко некои од дизајнерите се дел и од продажниот сектор, но како што тој вели, тоа е сепак работа со која се занимаваат група на луѓе, тим одговорен за промоцја на продуктот и се постигнува со многучасовна работа на социјалните медиуми. Како за крај ќе го нагласам видеото кој тој го спомнува“зошто човекот создава/ креира“ од 1968 и прашањето кое авторот таму го поставува: од каде доаѓа идејата?
- од гледањето во едно нешто и перцепирањето на истото како друго;
- во забавата и играта со можностите, шпекулирањето, промената на истите, обидот, трансформирањето
- и ако имате среќа тогаш можеби комбинацијата на сите овие нешта ќе Ве донесе до резултат доследен да се презентира и да опстои на пазарот, но исто така да остави отворен простор да се променува и усовршува.
Ова е моментот кога приказната завршува, а вистинскиот живот започнува!
.
За мене ова видео претставува еден вид инспирација, мотив да ги следам моите инстинкти и понатаму, да играм со формите, материјалите. ..начинот на изразување. Да, и да користам што е можно помалку, а да биде обид да кажам што е можно повеќе.
Инаку, Yves Béhar е дизајнер од Сан Франциско кој е основач на компанијата fuseproject и се занимава со индустриски дизајн, дизајн на мебел, спортска опрема, елементи од секојдневието како и на модни додатоци. Тој користи една хумана нишка во неговиот пристап што го прави уникатен во неговите дела и секако препознатлив како дизајнер кој се користи со сите елементи досега познати начовештвото, а потребни за одржлива иднина, еколошки пристап како и оригинален личен потпис и многу, многу човечки емоции во дизајнот.
Со повеќе од 150 награди досега, направи простор за неговите дела во најголемите музеи во светот како: Pompidou (овде видов дел од неговите дела), MoMa, Институтот во Чикако како и музејот во Минхен, Германија.
..и да, не можам да не оддолеам на овој стол дизајнира од него. мене навистина ми треба убаво столче за работа, баш како ова: екологично, ефтино, со минимално искористени мтеријали, што потсетува на мост, а знаете, мостовите значат премостување. можеби новата година ќе ме премости да седам на едно вакво столче, never knows.. до тогаш Вие можете да оставите коментарче или да уживате во убавите дизајни кои го попавуваат светот, а што не - па и да дизајнирате. .. создавате!
:aloha ~
.
.
- уште сте овде или веќе имате идеи?! Весели празници можеби ова е последниот пост за годинава на овој блог! :D
0 comments:
Post a Comment