. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:startUp - а, што тоа?!

on Tuesday, December 27, 2011
.
.

.

.

Не ретко се запрашувам зошто некои работи кај едни успеваат, додека кај други колку и да се трудат никогаш не се совршени или воопшто не успеваат. Овде не станува збор за среќа, во организирањето најразлични настани, event-и, start Up-и постојат конкретни начини како да се постигне посакуван резултат.

.

Кога станува збор за поседување идеја и услови за почеток на реализација на истата треба да се знаат неколку основни работи како не би се дошло до негативни резултати или непосакуваното пропаѓање на истата за време на процесот на реализација. Секојдневно среќаваме најразлични брендови кои многу малку издржуваат на пазарот. секојдневно се раѓаат и умираат. Со еден таков пример се служи Ben Perr, познат social media strategist, technologist и entrepreneurship, инаку работи за познатата компанија mashable.

Тој прашува: зошто некои идеи завршуваат во deadpool (што би му дошло, пропаѓаат), додека други успеаваат да ја пленат масата?

Како што го нагласува неговото долгогодишно искуство, анализирање, обсервирање на многу startup-и тој исто така потенцира дека сепак има неколку точки кои константно стојат како едни од главните фактори за to be or not to be.. компанија, организација или whatever!


Еве го краткиот список:


  • Идејата е премногу плитка, адресирана е до малку луѓе и премногу мала таргет група на пазарот;

- секогаш ќе успеете повеќе доколку повлечете реализација на идеја која ќе опфати поголема маса на луѓе, всушност кога таргет група не би била група на поединци кои имаат побарувачка за нешто што не е толку интересно за глобалниот пазар.


  • Идејата не е целосно оформена;
- Многу стартување се случуваат откако основачите ќе дојдат до било каква идеја и без да размислат почнуваат да ја реализираат, без претходно да обрнат внимание на тоа како ќе ја градат и како самата идеја ќе се развива. Кои се луѓето кои ќе ја користат, кои се недостатоците? Ќе преживее ли на пазарот во борбата со конкуренцијата.. не започнувајте ништо додека не размислите и обрнете внимание на овие прашања.
  • Идејата не се развива доволно брзо како што пазарот расте;

- Кога самата идеја и тимот се однесуваат ригидно/ ноншалантно со неа, тогаш стожерот не е доволно цврст да направи истата да опстане.

  • Самата визија не е доволно амбциозна;

- Ова, пред сè, е она што го убива почетокот/ стартувањето. Големите идеи потекнуваат од големи визии. Радикалните промени на производот се полесни за имплементација доколку тие спаѓаат во рамките на една амбициозна визија за која основачите се подготвени да се борат.

.

За да се развие голема идеја потребни се години, не месеци!

Facebook не кошташе милијарда долари кога започна како проект на Харвард, но, стана бизнис кој кошта милијарда долари кога единствени од сите други социјални мрежи ја вградија и понудија на пазарот опцијата news feed.

Многу малку претприемачи/ entrepreneurship-и успеваат од прва. Зотоа VCS велат дека секогаш е подобро да се инвестира во 'А тимови со 'В идеи, отколку во 'В тимови со 'А идеи. Секогаш тимот 'А би се борел докрај да ја изнесе идејата на површина, до победа. ..за разлика од тимот 'В кои од прекрасна идеа ќе направат значителен пораз..

Советот до сите оние кои се' на почетокот на нивната идеја, пред самото стартување: длабоко разгледајте ја идејата и размислете најпрво. Бидете сигурни дека сте си ги поставиле потешките прашања. Поминете низ стратегијата уште еднаш и имајте храбра визија што може да го понесе Вашиот тим до финишот дури и идејата сама по себе да не е толку голема. Малку трпение пред да скокнете во процесот на градење ќе ве спаси од создавањето на продукт кој никој не го сака.

.


. ..овие ноќни лекции ми се допаѓаат, навистина е така, пазарот се зголемува, но и маркетингот се јачи. Треба навистина да умееме да прилечеме со нашите квалитети, доколку ги имаме, доколку не. ..почнуваме повторно од почеток! Мотивацијата е најважна!


..доколку ти се допаѓаат постовите слободно остави коментар, Би ми било драго да споделуваме знаење ;)

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails