Не можам да поверувам дека се замарам со оваа информација, но, нека ми прости новинарката и Миленко пошо нели си земам дополнителна информација од fb која ме мотивира да си го кажам мислењето, ама така му оди тоа со Нас блогерите. .. плус денес на окно објавија нешто "Ексклузивно: Македонија - водечка земја во воведување на новите стандарди на интернет! Ново копче во вашите прелистувачи! „Одобри линк“, што јас знам (се надевам) како по правата на CC да го презентирам овде, иако Небојша Гелевски aka @branekoma ми е пријател од twitter и fb кој се надевам нема никаков проблем со тоа што ќе го споделам неговиот пост и овде. претходно е објавено (постирано) и на TwitLonger.
.
Едноставно некои работи во нашата држава премногу се премолчуваат, основното поле на познавање на медиумите стигнало до капацитетот на радиодифузија која грчи и далеку е од пријатна дисторзија во овие виртуелни простори. Не може некој да ти кажува што е слободно, а што не на интернет, колку и да го разложуваме ова мислење, теза до самата срж. Кој како споделува и зошто споделува е негово право, убаво е да се учиме на тоа како да пренесуваме информации, а не да не ги пренесуваме затоа што ќе бидеме тужени. Сакав да оставам коментар под принтскринот на facebook профилот на Јане (сајтот не му работи) @ribaro, но сепак решив целата таа приказна најпрво да ја префрлам во моето катче, сепак сопсвеното мислење е подобро кога го кажуваш на сопствена територија. ..а, и факт е преголемо за некој си коментар на fb, кој од прилика требаше да оди вака:
“..во едно друго време имаш опција да си се претплатиш, си платиш 5 евра (3оо ден) и месечно си имаш пристап до целата содржината [интимна политика на медиум = (copy rights included)]
додека живеев во Франција си плаќав месечно Le Républicain Lorrain за да можам да се информирам. сепак таму беа информациите и вредеше да се плати.
како обичен stalker читаш само наслов (може и слика) нема INside. ако си фенси да си фенси, ова другото џаболебење муабет. (се однесува за коментарите под сликата на Јане). .. освен секогаш конструктивните гледишта на блогерите (како @arheoblog којa има направено дури и премногу за нашата држава), и другите вклучен кои се горди што на тој начин живеат (како што кажа @darko156). се додека не се согледат двете страни, и тие упорно продолжат да држат до својата теза без да помислат на создавање погоден став од кој ќе бидат задоволни, ќе гледаме смешки по 'сериозни медиуми'. секако дека ќе се јаде содржината ако доаѓа на прва рака. никој не може да ти го забрани тоа!
кога не се прифаќаат искуството и опитот на луѓе кои се занимаваат со социјалните медиуми и интернетот како целина, кога нивниот обид да проследат значајна информација до поголема маса на луѓе се смета за криминал, крадење, користење или злоупотреба нема да има позитивна иднина за овие online медиуми кои во суштина користат дефиниции од старите медиуми без никаков обид за нивна адаптација."
.warmUp #ACTA,уствари!
.
:од порано ни е познато тоа 'this is not available in your country' Нас македонците (читај клети проклети – до 7 колено) сега ова не ни е доволно најверојатно, па решивме да создаваме дополнителни ограничувања (квази политики), цензури, забрани, заштити. .. тужења. Убаво е кога станува збор за квалитетна информација да биде пренесена, новинарите и така и така земаат плата за тоа, самото пренесување на нивната информација надвор од просторот на нивниот медиум е епитет за добро сработена задача, одговорност. смешни се ставовите дека некој фото-репортер има проблем со тоа што неговата фотографија се споделува. така квалитетот на документираната, социјалната, урбаната фотографија стигнува пошироко во светот, дополнително краси CV на конкретен истражувач, новинар кој во нормална Земја би бил нагрaден за тоа што неговата информација стигнала до масата, а не обратното т.е. да биде саботирана и заштитувана неговата содржина. сепак можеби е ова маркетиншки трик, постои guerrilla маркетинг, зошто не би поверувале дека ова е одлична шема на некој пресно печен мајстор за advertising во Македонија кој се обиде на ваков начин да го зголеми бројот на посетите на нивниот весник. ако е така секоја чест, но сепак мислам дека сме далеку од нормалниот оnline однос кој треба да го имаме како е-држава за да зборуваме за top tricks & tips во ова поле. сепак 'не сум новинар' или експерт за да зборувам повеќе ..
Се повлекуваат премногу банални тракатанци околу основите на слодобно споделување на информации. Најдобро е секој од Нас да внимава лично како го прави тоа, публиката е секогаш таа која е пресудна. Заштитата на текстот за пожарот и нему сличните може да се чита единствено како чекор поблиску до стапувањето во акција на законот кој воопште не е ни потпишан и поддржан од страна на државата. И џабе тинтраме кога ако решат утре можат анонимусите да ни го скинат интернетот и тогаш back to d candles.. [имаше уште нешто, но enough, мислам дека ја сфативте поентата]
.. и секако ФОРМУЛАРот на Небојша со малото интро од ОКНО:
Новинарите на Пара вести преку тајни канали и извори кои сакаа да останат анонимни открија дека најголемите издавачи во Македонија, во соработка со неколку министерства, поготвуваат револуција во интернет издаваштвото. Имено, Македонија ќе биде земја предводничка во воведување на ново копче во вашите пребарувачи (види слика). Копчето ќе се вика ОДОБРИ ЛИНК. Пара вести успеаја да дојдат и до нацрт-текстот кој ќе се појавува кога ќе го кликнете ова копче:
Текстот на ФОРМУЛАРОТ за ОДОБРУВАЊЕ ЛИНКОВИ >>>
Формулар за одобрување на линкови:
1.Дали си сигурен дека не сакаш да те тужиме?
2.Име ___________________
3.Презиме ___________________
4.Татково име ___________________
5.Дедово име ___________________
6.Дали имаш бугарски пасош? ___________________
7.Единствен матичен број ___________________
8.Број на пасош ___________________
9.Дали си од СДСМ?
10.Дали си будист?
11.Зошто ти треба линкот (описно не помалку од 500 карактери)
____________________________________________________
____________________________________________________
____________________________________________________
12.Дали поседуваш Агрегатор?
13.Дали поседуваш Агрегат?
14.Имаш ли прележано сипаници?
15.Дали до сега си крадел линкови од нашиот портал.
16.Дали се случило У кафана да прераскажеш некој наш текст, ако да објасни кој и зошто?
____________________________________________________
____________________________________________________
____________________________________________________
17.Дали твоите намери со нашиот линк се етички чисти (ако да објасни подетално)
18.Дали го исчисти снегот пред твојата куќа___________________
19.За кого гласаше на последните избори___________________
20.За кого ќе гласаш на локалните избори___________________
21.Дали ти е доволно голем споменикот Воин на коњ?
22. URL каде планираш да го поставиш НАШИОТ линк
23.Дали се сложуваш дека ова што го бараш линкот не е баш фер од твоја страна.
Потпис (печат за правни лица)
____________________________________
Ве молиме да испратите и фотографија на која ви се гледаат ушите, во спротивно вашето барање нема да биде разгледано.
Би сакале да те информираме дека 90% од барањата НЕ ги одобруваме, но сепак чесно е да си ја пробаш среќата. Ќе те информираме писмено во рок од 7 до 14 работни дена.
* * *
се надевам нема да се развиваме/ девалвираме со тоа што ќе ставаме дополнителни ѕидини. забраната на еден обичен текст, кој можел да биде и пренесен од некој очевидец, а и веќе се шпекулира за неговата валидност да биде ограничен, заштитен само заради што политика на одреден медиум се однесува спротивно на основните норми врз кои е создадена и се развива интернет платформата како цело.
0 comments:
Post a Comment