. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:уметноста и архитектурата - жртви на ...

on Friday, February 10, 2012
.
.
.интересен текст излезе во @плусИнфо, но некако осеќам дека целата таа ситуација таму не е чиста, не би сакал да споделувам нивни информации, линкови во целост. секој си има свое право моето е да не сум склон во целост на политиката која ја промовираат, но делумно да стражувам во нивната содржина. уметноста и архитектурата - жртви на диктаторската владеачка пропаганда' е текст во кој зборуваат Зоран Поповски (теоретичар и дигитален уметник), Никола Узуновски (мултидисциплинарен уметник) и Мирослав Грчев (архитект).
.
.

.знам дека е очајна самата помисла за проектот #2014 и многу би рекле кој си ти да збориш, но факт е дека овој текст во ниеден момент неправедно не фрла црна сенка на целава таа архитектска, уметничка фела која со овој проект се однесува спротивно од целиот глобален систем и развој на архитектурата како цело.

Зоран Поповски вели: "..се најамбициозното нешто што досега се случило во македонската уметност од аспект на нивниот обем и буџет" и за жал тоа е факт не само за оваа 'армирана бетонска влада' туку и за сите раководители на државата досега воопшто. место уметноста да се прифати како основна алатка на културата преку која народите околу нас се поврзуваат и да започнеме со проект бележје на државата, глобално, биенале, триенале, колонија, молонија. .. но, не со ситни пари, ние (како држава) се втурнавме во градење на нешто кое ама баш не беше потребно. посебно не во овие моменти на глобални кризи, економски пад и тн. за квалитетна, висока уметност се потребни пари, не некои кои немаат опит. неискуството е навлезено како рак во сите сфери, што може непријатно да резултира во иднина. Нам не ни се потребни вакви промени, потребни се посуштински разместувања на генетскиот склоп кој го имаме како народ, гледиштата, перцепцијата, отвореноста, адаптацијата, следење на позитивните аспекти на глобалниот поредок. Знам премногу визионерски, но, се си чинам тоа исто е како и владата. ..

..и би се согласил со Никола Узуновски за тоа дека место да гледаме со очите на иднината, да пробаме веќе постоечката архитектура која е од културна вредност за државата да ја заштитиме и обновиме, ние пред Нас гледаме како таа се распаѓа и наспроти никне нова, иста. .. но пластична, без душа (чунки не е од тоа време - едноставно). додава, кај нас "владее стариот едукативен систем за визуелни уметности, кој е заснован за социјалистичкото општество, каде што улогата на уметникот била да ги претставува вредностите на системот."

во време кога sustainable development (самоодржлив развој) како термин навлегува во сите форми на општеството и пробува да го промени, усоврши, надогради, во време кога гледаме архитектура која во себе ги содржи сите човечки врвни достигнување (еколошки, социјални, технолошки..) ние пред нас ја имаме единствената 'можност' да ги видиме 'атинските' високи столбови осветлени со некоја ефтина зелена сијалица.

:photo credits to Матеј Богдановски

0 comments:

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails