.
Хјустон, имаме проблем!
.
[Ликовите во овој Спејс шатл со име Тралаладонија, сами се одбраа за да ја претставуваат нашата вселенска мисија. Разликата помеѓу Идиократиј и Тралаладонија е од морфолошки карактер и без еволутивни влијанија.]
.
.кратка одисеја, ретроспекција е новата сага која денес имавме прилика да ја видиме објавена на окно. креатор е добро познатиот #fake монтажер @ribaro кој така наивно, умерено покажува интро на еден филм кој не верувам дека некој од Нас сака да почне/ продолжи да го гледa.
:иако тrailer-ot, онака trash-ерски е одличен, се надевам дека филмот нема да се снима. вистинито Јане како и секогаш, кој да се разбуди само, кој да се освести? да не побрзаме со етикетирањето само ќе кажам дека имаме така лоша main stream политика, која речиси шопски, како коњ со затворени очи [да гледа само право] забрзано ја носи целата кочија во некој дол, ѕид, во Вардар после силни поројни дождови, за мене како млад нереализиран човек дури наликува како коњот да има залетано да скока во le grande кањон и тоа без опрема за скокање.
.очаен од друга страна е фактот дека опозиција е жална, како детиште од 4 години кое плаче и вреска како да е штотуку родено. и тоа не престанува, како догма продолжува да тлее и да рефлектира во вакви дела. кога некој би ми дал право да избирам веднаш би кажал не за овие твои епизоди, не за еднооки, не за бербери и сл. south park е нешто друго, иако е анимирано. тематиката е тоа што не убива во поим сите нас во државата. кога бумерангот без разлика од кое поле на дејствување е испратено се враќа во политичкиот ринг и таму се тера мегданот. не е задолжително се` да се поврзува, конектира со тие сноб.јекти кои немаат трошка свест за оние кои немаат леб, оние кои немаат струја.. се се плашам дека нема кој да ни ги отвори очите во доследно време. анонимните ќе го исклучат интернетот, ЕВН струјата. ќе продолжиме да се фарбаме се додека има бои, а до тогаш населението ќе биде без дрва во сред зима, здрави и прави под социјалка, паметни и интелигенти на шалтер за вработување во биро и тн. до недоглед. се надевам еден ден ќе се промени твојата монтажа како резултат на позитивните промени во државата. до тогаш опуштено отпоздравувам и го оставам инсертот од најновиот нереализиран филм спонзориран од новопечената држава Тралаладонија да пее и во овој виртуелен простор.
..би сакал некогаш повеќе да пишувам за политиката во нашата држава, за начинот на кој политичарите преку своите колумни градат однос со народот, за нивните отворени за народот канцеларии, за обидот на решавање на граѓанските проблемите, но, некако се сметам неповикан меѓу толку сезнајковци и политичари кои единствено самите се дефинираат како такви, а не исполнуваат ниту една од нормите кои треба условно да ги поседува еден политичар.
.секогаш ја прескокнувам оваа тема, така ќе биде и сега, жално за македонските партии кои направија младинава на моменти да се однесува ноншалатно и незаинтересирано иако апокалиптичноста и календарот на маите како навистина овде почнале да дејствуваат. а луѓето зборуваат за топлификации, гасификација, за реализирана утопија до 2022 и тн. (посакувам успех и нова планета.. )
0 comments:
Post a Comment