.
.
:a virtual choir:
!I received this link which leads to a video made by Eric Whitacre. Eric coordinated a choir via d Internet, a virtual choir, to sing a song and d result is stunning. It’s worth watching and reflecting on where we are as an interconnected world, connected through nontraditional means. More on that in the future. In the meantime, enjoy the video: Eric Whitacre's Virtual Choir 2.0, 'Sleep' - http://bit.ly/ycb2Al [like from twitter]
:Вака го постирав синоќа ова видео на facebook, но помислив дека сакам да напишам нешто овде. Футуристиката секојдневно станува реалност, обединувањето на луѓето со иста цел очигледна, вакви проекти даваат една дополнителна светлина на помислата за развојот на технологиите. Медиа ентузијазмот направи да споделам нешто што навестува една нова ера на здружување, поврзување. .. 2000 видеа од 58 држави, прекрасна хорска изведба, моќно!
.
.
:и, не би застанал само овде со ова видео затоа што се сетив дека целата оваа идеја ми е некако позната, иако и оваа е од минатата година имаше нешто и пред тоа. така и се сетив на едно друго видео, кое е всушност првото видео на Eric.
.она што е пропуштено во мојата сложувалка на оваа футуристичка егзотика е тоа дека Eric всушност настапувал на TEDTalks и направил одлична презентација за самата идеја, како настанало поврзувањето, првото видео, второто и целата таа љубов и соединување кои настанале помеѓу луѓето, дел од овој глобален проект/ хор. додека го гледав видеото забележав дека нема превод на македонски за разлика од многу други за кои дел од моите драги пријатели од виртуелата се погрижија да има, така да овој пост е дополителна мотивација за некој од Вас да го направи тоа.
.фактот дека решил да спои толку многу луѓе, да им овозможи да се реализираат преку тоа што ги исполнува е благородна особина која овој виртуелен диригент го прави да плови во сопствениот network кој го создал, во неговиот микро универзум. ме потсетува лично на сцени од филмот fountain што уште толку ја зголемува духовната енергија додека ги гледаш и слушаш сите тие космички, ангелски гласови. зборовите кои летаат само потенцираат одредени делови од виртуелното патување на една универзална композија. поклон пред самата идеа, им посакувам во иднина да имаат прилика да се видат [in real], ако не повеќе барем на една вечера :))
.
.
0 comments:
Post a Comment