. ..буквите кои притаено излегуваат од устата и се редат како славеи и ластовици по жиците во пролет. Photobucket

:неправдата како ехо [општо]

on Wednesday, February 1, 2012
.
.



.
:Она што притаено и скришно сакам да го напишам е мое мислење за една колумна која денес [вчера] се појави на единствениот активен струмички портал strumicanet[dot]com "Гуру на аморалноста и неправдините меѓу младите" на која и ќе се повикам во овој пост.

Најпрво би сакал да наметнам една перспектива на размислување во која ќе ги анализираме трезвено (изладено од биполарноста на целата глобална слика) елементите кои Столе Лазаров (Претседател на УМС при ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица) во понатамошниот текст Столе (се надевам нема да се навреди) ги употребува во изградувањето на сиже/ колумна со која се повикува на граѓаните, општината, градоначалникот.. се надевам овој текст нема да биде читан различно од тоа што е напишан, а со тоа и целосно неутрален, без никаква намера да навреди некој, како единка, но, и како колективно размислување.
.
Во оваа колумна (поприлично долга) не наидов на работи кои досега воопшто не се познати, дали тонот наликуваше на некој претходно познат. Некој наметна прашање дали Столе сам ги пишува колумните. Како би оддржал баланс со самиот себе, не би потегнал конец да решам (пред самиот себе, за самиот себе) дали е оваа негова колумна или не, но, како граѓанин на општина Струмица, заинтересиран за тековните случувања во градот и пред се социјално упатен (пишувам на мојот блог) решив да нагласам дека е особено важно Столе во иднина да направи една серија од десетина колумни како јас лично (но, и другите) би оформил(е) мислење дали е тоа негова колумна или порачана. Единствено со континуитет како читател би можел да заклучам дека тоа е неговиот тон, неговиот вокабулар, стил на изразување, начин на јавно полемизирање и сл.
.
.
Во меѓувреме, сакам да го пофалам фактот дека имаме портал каде еве можеме да го прочитаме мислењето на јавните личности, политичарите, луѓето кои директно или индиректно се вклучени во креирањето на локалната политика и развој. Се надевам во иднина ќе можеме да видиме повеќе луѓе од општина Струмица кои на овој начин, транспарентно, секој со сопствената Вистина купуваат малку разбирање од мнозинството на сограѓани.

Нејсе, за колумната на Столе. Меѓу редови веќе помина во овој пост дека текстот е општ, гратски апел за незадоволството на граѓаните, површно плетење на анксиозни слики од распадот на светот (читај метафорично) неудобност (која не е од вчера, и не е само во Струмица), нестудиозно урбано нафрлање приказни. Убаво е да се читаат театралните сцени во собата на општината, лицата на угостителските фраери, нивото на енергијата. .. светлината наспроти темнината. Ми се допаѓа начинот на кој замавнува текстот во секој случај. Причината поради која се решив да го напишам овој ‘невидлив’ текст е токму младинската политика во градот. Не знам колку е познато, но во создавањето на младинските програми, имплементацијата, нивниот развој и директното учество се дел од моето неформално образование кое го следат околу десет години. Проблемот со младите, колку и сурово да звучи не е проблем кој се решава со препукување преку колумни, кои всушност не даваат никакви позитивни координати, иако визионерски, би требало Тоа од нив да се очекува!

Од друга страна, Младинскиот совет, парламент работи по една сосема нова система која не би сакал да ја премолчам без да ја додадам мојата перспектива. Освен тоа дека делумно се согласувам со тоа дека е исполитизирана до одредено ниво оваа асоцијација, здружение. .. не би сакал да бидеме неблагородни кон сите оние проекти кои беа реализирани од нивна страна, навистина се покажа и тоа дека знаат да ја мобилизираат младината, активно да ја вклучат во одредени тековни збиднувања, настани и сл. .. она што е поважно, и момент кој сакам да го истакнам е во какви активности Тие беа вклучени. Кој беше принципот на анимирање на слободното време на младите, концептуално со каков личен прогрес ќе резултираат конкретните активности кај младите.
.

И овде настанува една огромна, колективна дупка на која очигледно граѓаните и општинскиот сектор затвараат очи, а тоа е недостатокот од минимална база за создавање на младински сектор кој во годините после пионерски дом требаше да се појави, опстојува и едуцира млади генерации.

Ова е централниот елемент во мојот пост/ колумна. Образованието, едукацијата, Столе се повикува во име на младината, целата или десничарско политички ориентирана, сеедно. Се надевам деновиве со сличен чекор ќе се јави и опозиционерската младина (централно поставена во градов) со текстуално образложение кое би ни помогнало да прочитаме за тоа како ги гледаат Тие работите. Јас овде ќе го помолам за свесност системот која го води градов, да помисли на тоа дека младинската вклученост недостасува и тоа сериозно како и развојот на младинскиот сектор во нашиот град општо и тоа здрави 10-15 години.

Убав е тој Младински совет и целиот ентузијазам кој се вложува во тие навидум прогресивни идеи. Се согласувам дека е потребно лизгалиште, што тие млади виделе во Струмица?- Се согласувам дека е потребен хуманитарен концерт, па нека се завртат пари, нека се помогне некој! Убави се и трките на келнери, екскурзиите до Турска и идеите за монтажни карпи за катерење, но, ова се вика во западниот свет ::: Анимирање на Младината!


:Зарем главниот двигател на младинскиот сектор во општината сакате да ги анимира вашите деца? .. а, да ги едуцира? Кога Тоа? Како, ако Вака..?

  • Концерти се организираат од посебни фирми кои треба да се отворат во градот! (да, има публика)
  • Хуманитарните се организираат откако ќе се научат младите преку едукативни програми што е тоа хуманост, толеранција, разбирање..
  • [празно место за набројување глупости од овој тип]

_вината треба да ја бараме во сите Нас, далеку сме од прогресот во овој град ако се препукуваме без конкретни стратегии, идеи, ако не се повикуваме на лица кои директно влијаат во донесувањето погрешни решенија. Кога велам конкретни личности не мислам само на Градоначалникот, околу него се вртат луѓе од секакви партии, во градови како Струмица, со мала администрација на прво место би ги ставил фамилиите, потоа партиите.Јас сум партиски нопредлен, но тоа досега не влијаело во тоа да не бидам активно вклучен како граѓански активист во многу тековни настани, дел од нив да бидат и лично организирани од мене. Некои конкретно поврзани со младите. .. Ним им треба едукација драги мои сограѓани, доста е веќе политика!

:Столе, се извинувам што се повикав на Вас (тебе)!

p.s. прв пат ја имам приликата овој начин на изрзување да го (ис)користам како филтер за мојата негативна енергија и незадоволството кое го имам во текот на моите младински години (делумно поминати овде) но кои полека одминуваат..
.
.

2 comments:

Anonymous said...

Здраво,
Благодарам на критичкиот осврт и на вас и на Столе. Убаво е да има критики ама аргументирани. Оваа овде е аргументирана критика, достоинствена и држи место.
Повикувам и други да се вклучат во анимација на младите, да помогнат, сами толку можеме. Нели државата е надлежна преку агенција за млади и спорт да ги анимира младите? Не сме надлежни како општина но ни смета што досега младите не ги интересираше ништо што се случува, сега имаат (минимум барем) проактивност. Секоја помош во овој правец е добредојдена. Впрочем никој воопшто не ни дава никакви сугестии. Единствената сугестија беше од вмро-дпмне, да бидат вклучени подмладоците на двете најголеми партии. Ги послушавме за да бидеме конструктивни и сега испаѓа дека сме грешка.
Повикувам на сугестии за да многу повеќе ги вклучиме младите во општествените текови. Намерата ни е искрена.

PotRu_ said...

здраво здраво,
младинскиот совет/ парламент треба да потенцира кај своите членови дека не се грижи за политичката обоеност на нивните родители и ке се стреми кон други форми на реализација на капацитетите на нивните членови.

знам дека со најдобра намера се согласи да ги прими членовите на подмладоците во координативното тело, но со тоа се оддалечија од суштината и статутот кој сам по себе еден таков младински совет треба да го има. се учиме од грешките, кој не ги прави е полошо. има простор и капацитет кај младите во нашиот град да се помрднат работите од статус кво, затоа и потенцирав дека нема ништо лошо во проектите кои ги анимираат младите, но сепак базата, основата на една таква организација би требало да бидат едукативните програми, потоа прошетките, екскурзиите, хуманитарните концерти и тн..

!благоДарност за коментарот ~

Post a Comment

Related Posts with Thumbnails